Author: saso

NBA

Три тима претендираат за потписот на Крис Пол. Според најновите вести од НБА лигата, тоа се екипите на ЛА Клиперс, Феникс и Милвоки. „Ми кажаа дека во средата разговарал со Бакс. Пред неколку недели во шоуто на Пет МекКафи рече дека претпочита да остане на Западниот Брег. Сега ги разгледува своите опции. Западниот Брег или тим како Милвоки, ќе видиме“, рече инсајдерот на ЕСПН, Шамс Чаранија. 40-годишниот плејмејкер ја помина минатата сезона во Сан Антонио, со просек од 8,8 поени, 3,6 скока, 7,4 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар.

Read More

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ги коментираше новите гласини дека Макс Верстапен би можел да му се приклучи на германскиот тим, напуштајќи го Ред Бул. Во исто време, Расел не обрнува внимание на пишувањата дека доколку Верстапен се пресели во Мерцедес, тој ќе го заземе местото на Џорџ, кој сè уште нема договор за следната сезона. „Па, секој тим има место за двајца возачи и нормално е секој тим да размислува за својата иднина, да разгледува различни опции. Нема ништо лично во тоа. И уште од самиот почеток реков дека сум подготвен да се натпреварувам со секој возач. Да, има…

Read More

Белградска Црвена Звезда од синоќа има нов кошаркар во својот состав. Станува збор за американскиот шутер-бек, Тајсон Картер. 27-годиошниот Картер потпиша договор со Црвена Звезда и ќе биде ново засилување за тимот во пресрет на новата сезона. Картер ги помина последните три сезони во шпанскиот тим Уникаха. Минатата сезона тој имаше просек од 12,8 поени и 4,3 асистенции по натпревар во Лигата на шампионите, помагајќи му на својот тим да го освои турнирот, а притоа и стана најкорисен играч на Фајналфорот.

Read More

Јуве е подготвен повторно да го позајми Консеисао со задолжителна откупна клаузула од 28 милиони евра. Порто сака веднаш да го продаде крилниот напаѓач, па преговорите се уште течат. Порто ја одби новата понуда на Јувентус за Франциско Консеикао, но торинскиот клуб изрази желба повторно да го изнајми, овој пат со задолжителна откупна клаузула. 22-годишниот португалски репрезентативец и сам настојува да остане во Италија, што е веројатно уште еден предуслов Јувентус да го добие и за следната сезона. На 40 натпревари минатата сезона во сите натпреварувања, Консеисао постигна 7 гола и имаше 6 асистенции за Јувентус.

Read More

Фудбалерот на Галатасарај, Николо Заниоло е казнет со 15.000 евра, откако во мај кога играше за Фиорентина како позајмен играч, присуствуваше на полуфиналниот натпревар од младинската лига меѓу тимот од Фиренца и Рома и направи инцидент. По натпреварот, тој влегол во соблекувалната на Рома, каде што се случил конфликт по што Заниоло беше обвинет дека удрил двајца млади играчи. Самиот играч го негираше, но одлуката на комисијата е дека треба да плати казна од 15 илјади евра, со предупредување дека ако повторно ги прекрши правилата, ќе се соочи со посериозна казна. Фиорентина веќе одлучи да не ја искористи опцијата за…

Read More

За разлика од бројните негативни критики за организацијата на ФИФА Светското клупско првенство, претседателот на Баерн позитивно зборуваше за годинешното издание на овој клупски Мундијал. „Навистина ми се допаѓа турнирот. Просечната посетеност по групната фаза беше 34.000, повисока отколку во Серија А или Ла Лига, а нашите натпревари против Бока и Фламенго имаа над 60.000 гледачи, против Бенфика 34.000 и против Окленд 21.000. Секогаш играме на големи стадиони. Тоа е важно. Ако ја погледнете само Јужна Америка, ентузијазмот на навивачите за Светското клупско првенство го покажува потенцијалот на овој формат“, рече претседателот на Баерн, Херберт Хајнер.

Read More
NBA

Кошаркарот на Мемфис, Џарен Џексон ќе мора да оди на операција. Тој ги повреди лигаментите на палецот на ногата додека играл баскет оваа недела. Џексон штотуку се согласи на петгодишно продолжување на договорот со Мемфис во вредност од 240 милиони долари, но сега го чека подолга пауза. Според инсајдер Брајан Виндхорст, неговата повреда и потребната процедура се слични на ситуацијата на Дариус Гарланд од Кливленд. Закрепнувањето би можело да трае и до 5 месеци, што значи дека Џексон најверојатно ќе ги пропушти тренинг кампот и почетокот на сезоната.

Read More

Наполи понуди 28 милиони евра за фудбалерот на Болоња, Сам Бекема. Инсајдерот Џанлука Ди Марцио известува дека „наполитанците“ се надеваат дека ќе ја засилат својата одбрана во овој период, па затоа и го насочиле вниманието кон 26-годишниот Холанѓанец. Се вели дека Болоња неодамна ги намалила своите барања и е подготвена да се раздели со дефанзивецот за 30 милиони евра. Наполи понудил 28 милиони, но Болоња останува на првично побараната сума. Бекема одигра 35 натпревари во Серија А минатата сезона и имаше една асистенција.

Read More
NBA

Данкан Робинсон ќе се пресели во Детроит. Потпишувањето ќе биде склучено преку договор за потпишување и размена. Мајами Хит ќе го добијат Симоне Фонтекио, а Робинсон ќе потпише тригодишен договор со Детроит за 48 милиони долари, кој требаше да му припадне на Малик Бизли кој е под истрага за можна вмешаност во нелегално обложување. Детроит смета на Робинсон да го надомести неговото отсуство.

Read More

Меѓународниот параолимписки комитет неодамна потврди дека на Параолимписките игри во Лос Анџелес 2028 година ќе има 552 натпревари на кои ќе се доделуваат медали во 23 спортови, со вкупна квота од 4.400 спортисти. Во оваа рамка, најзначајниот развој е напредокот кон поголема родова еднаквост и разновидност, со 243 натпревари за жени (44%, осум повеќе отколку во претходното издание), 263 за мажи (48%) и 46 мешани или отворени натпревари (8%). Слично на тоа, 1.967 места ќе бидат доделени на жени, 2.228 на мажи, а 205 ќе бидат без родов распоред, што претставува, „најрамномерната програма за медали и квота за спортисти во…

Read More