Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ги коментираше новите гласини дека Макс Верстапен би можел да му се приклучи на германскиот тим, напуштајќи го Ред Бул. Во исто време, Расел не обрнува внимание на пишувањата дека доколку Верстапен се пресели во Мерцедес, тој ќе го заземе местото на Џорџ, кој сè уште нема договор за следната сезона.
„Па, секој тим има место за двајца возачи и нормално е секој тим да размислува за својата иднина, да разгледува различни опции. Нема ништо лично во тоа. И уште од самиот почеток реков дека сум подготвен да се натпреварувам со секој возач. Да, има гласини и тие секогаш на крајот укажуваат на мене. Но, од моја страна е поинаку. Сакам да продолжам да се тркам за Мерцедес и фактот е дека Тото Волф никогаш не ме изневери“, вели пилотот на Мерцедес.

