Ландо Норис испиша историја со победата на домашната трка за Големата награда на Велика Британија. Возачот на Мекларен, се запиша во историјата на Формула 1 откако стана 36-тиот возач во историјата на серијата што победил на домашна патека во Ф1.
Норис стана 13-тиот Британец кој ја освоил Големата награда на Силверстоун. Претходни Британци кои победиле на патеката Силверстоун се Луис Хамилтон (9 победи), Џим Кларк (5 победи), Најџел Менсел (4 победи), Стирлинг Мос, Џеки Стјуарт и Дејвид Култхард (по 2 победи), Тони Брукс, Питер Колинс, Џејмс Хант, Џон Вотсон, Дејмон Хил и Џони Херберт (сите по 1 победа).
Рекордот за најмногу победи на нивното домашно Гран При го држат Михаел Шумахер и Луис Хамилтон. И двајцата ги имаат освоено Германското и Британското Гран При по деветпати, соодветно.

