Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»РК Вардар ги потврди новите засилувања: Харуки Кавада и Николас Боно се нови средни бекови
    Ракомет

    РК Вардар ги потврди новите засилувања: Харуки Кавада и Николас Боно се нови средни бекови

    sasoBy saso09/07/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    РК Вардар објави дека има нови играчи со кои го зголемуваат својот играчки ростер за новата сезна. Во следните две сезони нови членови на „црвено-црните“ ќе бидат два средни бека, Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно. Тие ќе се појават на подготовките на екипата на крајот од месецов.

    Харуки Кавада е 19 годиншен јапонски среден бек кој доаѓа од младинска репрезентација која играше на последното СП во Полска. Таму Јапонја се пласираше во втората фаза и го освои 16 место. Кавада на Азиското првенство минатата година беше прогласен за МВП.  Го најавуваат како еден од идните најдобри играчи на Јапонијa.

    Во новата сезона на позицијата среден бек ќе настапува и Николас Боно, кој има 27 години и игра за францускиот Истр. Средниот бек потекнува од Балестер од Аргентина, имаше кратка епизода и во бразилскиот Таубате. Играше за шпанските Замора и Синфин, а во тимот од Сантандер даде 140 голови на 29 меча. Потоа се пресели во Шербур, за во минатата сезона да носеше дресот на Истр.

    Боно игра и за националниот тим на Аргентина, а во својата биографија има запишано настапи на првенството на Средна и Јужна Америка 2024, Олимписките игри 2024, како и на Светското првенство 2025.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.