Author: saso

Килијан Мбапе нема да игра против Салцбург во третиот меч на Реал на Светското клупско првенство. Францускиот напаѓач не беше вклучен во составот на Реал Мадрид за третото коло од групната фаза. На 19 јуни, Мбапе беше хоспитализиран поради акутен гастроентеритис, а истиот ден беше отпуштен од болница. Напаѓачот ги пропушти натпреварите против Ал-Хилал (1:1) и Пачука (3:1) и се врати на тренинг со тимот дури вчера.

Read More

Аргентинскиот фудбалер од средниот ред, Диего Факундо Кастањеда (26) е ново засилување за ФК Вардар. Минатата сезона тој ја мина во Црна Гора во дресот на Петровац. Во своите настапи во Ц. Гора, Кастањеда постигна 7 гола и регистрираше 5 асистенции, а на 5 натпревари беше „меч винер” за својот тим. Претходно играше за Бока Јуниорс до 20 години, а подоцна и за Б-тимот на Бока Јуниорс.

Read More

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димтријевиќ ќе биде дел од националниот тим за претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027. И тој и нашиот Андреј Јакимовски разговарале со новиот селектор Марјан Илиевски при што искажале подготвеност да настапат на дуелите со Унгарија и Романија. По долго време во составот се враќа Јакимовски, кој поради настап во НЦАА-лигата не беше во можност да биде дел од репрезентацијата. Македонија во подготовките за СП 2026 година ќе одигра два контролни меча против Швајцарија во Гевгелија на 25 и на 26 јули.

Read More

Еден од македонските претставници во фудбалска Европа ова лето, Работнички вчера замина за Охрид, каде во наредните седум дена ќе ја реализира втората фаза од летните подготовки. Составот на Бојан Маркоски ќе одигра два пријателски натпревари, на 24 јуни против Партизани Тирана во Струга (17.30 часот) и на 27 јуни против Балкани во Охрид (16 часот). Од Работнички вчера го потврдија и новото засилување, Флоријан Кадриу, кој потпиша договор на 1+1 година со Работнички.

Read More

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија за кошаркарки „под 18“ години ги одработува подготовките за настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое ова лето ќе се игра во литванските градови Вилнус и Алитус. По оние први контролни натпревари на гостувањето во Црна Гора, селекторот Виктор Петровски сега на располагање ги има сите кошаркарки, вклучително и сестрите Мила и Ања Начевски. Македонија следните контроли ќе ги има против селекцијата на Косово. „Подготовките се одвиваат во најдобар ред. Сега ни следуваат уште две пријателски средби со Косово, на кои ќе видиме што и колку сме одработиле во претходните денови. Целта ни е…

Read More

Натпреварот меѓу Реал Мадрид и Пачука стана вториот најпосетен меч на Светското клупско првенство во САД. Во рамките на 2. коло од Групата Х, Реал славеше со 3:1. Натпреварот го проследија 70.248 гледачи и стана втор најгледан меч на шампионатот, откако најмногу гледачи привлече дуелот на европските гиганти ПСЖ и Атлетико (4:0) каде на трибините имаше – 80.619 луѓе. Во првите 5 најпосетени мечеви на првенството се најдоа и дуелите Баерн Минхен – Бока Јуниорс (2:1, 63.587), Реал Мадрид – Ал-Хилал (1:1, 62.415) и натпреварот на отворањето на турнирот, Интер Мајами – Ал-Ахли (0:0, 60.927).

Read More

Хокеарите на НХЛ тимот Флорида Пантерс, кои ја освоија шампионската титула оваа сезона, одржаа шампионска парада за да ја прослават победата во Стенли купот. Според „Спортнет“, на настанот присуствувале околу 400.000 луѓе. Пантерс ги победија Едмонтон Ојлерс со 4-2 во финалето и ја одбранија титулата.

Read More

Баерн Минхен покажува сериозен интерес за 23-годишниот крилен напаѓач на Арсенал, Габриел Мартинели. Веста ја објави инсајдерот и новинар Кристијан Фалк. Според него, Баерн (М) сериозно разговарал на оваа тема и се надева дека наскоро успешно ќе ги заврши преговорите и со Арсенал и со фудбалерот. Од Арсенал уште минатата недела најавија дека е можна разделба со Мартинели, но само доколку за него некој ја плати бараната сума нод околу 50 милиони евра. Минатата сезона, Мартинели одигра 51 натпревар за Арсенал во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и реализирајќи шест асистенции.

Read More

Поранешниот италијански напаѓач, Чиро Имобиле, ја објави својата подготвеност да се врати во Италија и да го облече дресот на Болоња. Според инсајдерот Николо Шира, клубот ја истражува можноста за потпишување на договор со фудбалерот на турски Бешикташ. Според изворот, пречка за враќањето на Имобиле во Италија е неговата висока плата, која изнесува 6 милиони евра годишно. Болоња наводно е подготвена да му понуди на 35-годишниот напаѓач двегодишен договор со плата од 2 милиони евра и опција за продолжување на истиот за една сезона. Во последната Суперлига, Имобиле постигна 15 гола и имаше четири асистенции на 30 натпревари за Бешикташ.

Read More

Манчестер Сити го победи Ал Аин со 6:0 во натпревар од групната фаза на Светското клупско првенство во САД. „Граѓаните“ со оваа победа обезбедија пласман во нокаут фазата на турнирот, но последниот натпревар од групата против Јувентус ќе биде клучен за распределбата на првите две места. Натпреварот ќе биде запаметен по првите голови во дресот на Манчестер Сити, постигнати од Клаудио Ечевери и новото засилување Рајан Черки. Илкај Гундоган постигна два гола, додека другите ги постигнаа Ерлинг Халанд од пенал и Оскар Боб. Екипите на РБ Салцбург и Ал Хилал одиграа нерешено 0:0 во интересен дуел утрово на Светското клупско…

Read More