Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димтријевиќ ќе биде дел од националниот тим за претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027. И тој и нашиот Андреј Јакимовски разговарале со новиот селектор Марјан Илиевски при што искажале подготвеност да настапат на дуелите со Унгарија и Романија.
По долго време во составот се враќа Јакимовски, кој поради настап во НЦАА-лигата не беше во можност да биде дел од репрезентацијата.
Македонија во подготовките за СП 2026 година ќе одигра два контролни меча против Швајцарија во Гевгелија на 25 и на 26 јули.

