Далас Маверикс го избра Купер Флег како прв пик на НБА драфтот одржан синоча во Њујорк. Во неговата единствена колеџ сезона, Флег го предводеше Универзитетот Дјук до Ф4 турнирот на НЦАА лигата и беше прогласен за најкорисен колеџ играч.
Сан Антонио го избра Дилан Харпер како втор пик. Поранешниот бек на Универзитетот „Ратгерс“, додека Филаделфија го избра ВЈ Еџкомб како трет пик, а Шарлот го искористи четвртиот пик за да го добие Кон Нупел, додека Јута го избра Ејс Бејли како петти пик.
Втората рунда од драфтот ќе се одржи ноќта меѓу четврток и петок.

