Денеска стартува четвртото издание на меѓународниот турнир „Марко Божиновски9“, кој се одржува во чест на младиот ракометар, Марко Божиновски, чиј живот згасна прерано.
Турнирот за првпат добива репрезентативен карактер, ќе учествуваат национални тимови до 17 години. Македонија ќе има две репрезентации „А“ и „Б“. Покрај нашите две селекции дел од меѓународниот турнир ќе бидат и Катар, Босна и Херцеговина, Србија и Романија.
Отварањето е закажано во 18 часот на игралиштето „Марко Божиновски“, половина час по завршување свечената церемонија први на теренот ќе истрчаат Македонија А и Катар (18:30 часот), по што ќе следи мечот меѓу Србија и Романија.

