Author: saso

Кол Палмер одигра клучна улога во триумфот на Челзи од 4-1 над Бетис во финалето на Конференциската лига. Младиот офанзивен играч од средниот ред асистираше за головите на Енцо Фернандез и Николас Џексон, а по завршувањето на натпреварот заслужено беше прогласен за играч на натпреварот. „Во второто полувреме го зголемивме интензитетот и игравме подобро. Бев уморен од враќање на топката или играње настрана. Го видов Енцо Фернандез како се вмешува и му ја подадов – истото се случи и за вториот гол“, рече Палмер. „Покажавме карактер за да го свртиме натпреварот – горд сум на тимот“, додаде тој.

Read More

Реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК вечерва не се одигра. Причина, ракометарите на АЕК одбија да излезат на теренот во Скопје со образложение дека нивните навивачи не биле пуштени во салата. Делегатот на мечот потврди дека дуелот нема да се одигра денеска, а конечната одлука за тоа како ќе биде регистриран овој натпревар ќе ја донесат органите на Европската федерација следната недела. Според информациите во вторник или среда треба да има состанок во ЕХФ на кој ќе се разгледува скандалот од Скопје. Секоја одлука која ќе оди против тоа Алкалоид да го добие шампионскиот пехар, ќе…

Read More

Никогаш досега вакво нешто во едно европско финале не сме виделе. АЕК не се појави на теренот на реванш финалето од ЕХФ Европскиот куп со бизарно објаснување – навивачите на грчкиот тим не биле во салата. И покрај то ашто повеќе од 30 минути делегатот на мечот се убедуваше со претседателот на грчкиот клуб, средбата не се одигра. На потег е ЕХФ. Според сите правила мечот треба да биде регистриран со 10:0 за Алкалоид и шампионскиот пехар да заврши во рацете на момците на Кире Лазаров.

Read More

Фудбалерите на Башкими се последниот учесник во Првата македонска фудбалска лига за следната сезона. Денеска во Кавадарци во бараж натпреварот за опстанок/пласман во ПМФЛ, екипата на Башкими успшеа да го совлада досегашниот прволигаш Беса со 2:0. Саити го отвори резултатот со гол во 31. минута, додека конечните 2:0 ги постави Алексовски во завршницата на мечот. Покрај Башкими нови прволигаши се и Македонија ЃП и Арсими.

Read More

Возачот на Априлија, Марко Безеки, триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија, седмата трка од овогодинешното првенство во Мото ГП. Италијанецот ја постигна својата прва победа по 609 дена на патеката „Силверстоун“, а воедно ѝ го донесе на Априлија првиот триумф од април минатата година, кога Маверик Вињалес славеше во Остин. Безеки профитираше од откажувањето на Фабио Квартараро на седум круга до крајот, откако водеше од самиот почеток. На крајот, најблиску до Безеки беше Хоан Зарко на Хонда, додека возачот на Дукати, Марк Маркез, заврши на третото место на подиумот.

Read More

Реал Мадрид официјално го објави новиот тренер на тимот, Чаби Алонсо. Договорот на Шпанецот е за следните три сезони до 30 јуни 2028 година, објави клубот. Шпанецот го менува Карло Анчелоти, кој последен пат го водеше Реал вчера во победата од 2-0 против Сосиедад. Чаби Алонсо има 236 официјални натпревари како фудбалер за Реал помеѓу 2009 и 2014 година. Во овој период, тој освои шест трофеи со „кралевите“. Тој ја започна својата тренерска кариера во академијата на Реал Мадрид, каде што го водеше тимот до 14 години во сезоната 2018-2019. За утре, понеделник, е најавена неговата официјална промоција.

Read More

Антонио Конте ќе ја напушти функцијата главен тренер на Наполи, а раководството на клубот има намера да му понуди на Масимилијано Алегри двегодишен договор со плата од 6 милиони евра по сезона за да стане негов наследник. Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Алегри, е главен кандидат да го замени Конте во Наполи, чиј договор е до 30 јуни 2027 година. Алегри веќе го замени Конте во 2014 година во Јувентус.

Read More

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе биде назначен за главен тренер на Баер Леверкузен, објави „Кикер“. Според изворот, договорот е постигнат за две години до јуни 2027 година, а договорот ќе биде потпишан во понеделник. Холанѓанецот ќе го заземе местото на Чаби Алонсо, кој од новата сезона ќе го преземе Реал Мадрид. Тен Хаг е без работа од октомври 2024 година, откако го напушти Манчестер Јунајтед.

Read More

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, се надева дека ќе го искористи успехот во Лигата на Европа како појдовна точка за повеќе трофеи, но не даде јасни информации за иднината на менаџерот Ангелос Постекоглу. Постекоглу му го донесе долгоочекуваниот трофеј на Тотенхем со победата од 1-0 над Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на Европа во Билбао, со што го запиша своето име во клупската историја. Австралијанецот беше предмет на интензивни шпекулации за неговата иднина по турбулентната сезона во Премиер лигата. „Би сакал да им се заблагодарам на Анже и на играчите што го овозможија ова неверојатно достигнување. Исто така, би…

Read More

Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс се последните патници во Втората фудбалска лига на Македонија. Денеска на бараж-натпреварите, најинтересно беше во Кавадарци, каде пред 5.000 гледачи Шкендија Арачиново со 2:1 успеа да слави против Осогово и со тоа следната сезона ќе игра во ВМФЛ. На теренот на Фудбалската федерација на Македонија, Слога Виница беше убедлива против Преспа и славеше со 3:0, додека на стадионот во Ѓорче Петров гледавме вистинска драма. Тетекс до 87. минута имаше сигурни 2:0, за да тимот на Горно Коњари со два гола за три минути да израмни на 2:2. Мечот заврши со пенали по кои Тетекс…

Read More