Реал (М) синоќа извојува минимална победа од 1:0 на гостувањето кај Хетафе, а тренерот на тимот Карло Анчелоти отворено го критикуваше младиот Ендрик. Во 56. минута од натпреварот Ендрик доби одлична топка во шеснаесетникот пред голманот на домашните, но наместо нормален шут за гол, тој се обиде да ја префрли топката над голманот, па беше прочитан. Во 64. минута Анчелоти го извади од теренот. „Тој не може да го прави тоа. Тој е млад и треба да учи. Тоа не треба да се случува во фудбалот. Таква шанса мора да се шутне со сета сила. Ова не е театар“, изјавил…
Author: saso
Јувентус ќе одлучи за иднината на тренерот Игор Тудор по Светското клупско првенство, тврдат извори блиски до клубот. Иако многу мина очекуваа одлуката да дојде уште на неколку кола пред крајот на сезоната, на раководството на торинсиот гигнат не му се брза. „Бјанконерите“ вчера загубија од Парма (0:1) во 33. коло од италијанскиот шампионат. Поразот беше прв за Јувентус под водство на нивниот нов тренер, кој беше назначен на позицијата на 23 март. „Јасно кажавме уште од самиот почеток. За иднината ќе зборуваме на крајот на сезоната“, изјавил директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли. Светското клупско првенство ќе се одржи од…
Деновиве неколку светски медиуми објавија документ од далечната 2009 година, кој докажува дека Рафа Надал користел недозволени супстанци, кои наводно му биле припишувани за лекување. Тогаш Шпанецот добил лекарска дозвола да ја користи забранетата супстанција бетаметазон заради лекување, бидејќи другите методи не дале резултат, се тврди во документот кој се појави во јавноста. Сепак, до ден никој не реагирал на овој допинг случај на Шпанецот. Надал имаше тешка операција по која можеше да оди само со помош на патерици, а за неполни четири месеци на неверојатен начин го освои Австралија Опен. Долго време во неговата кариера се шпекулираше дека некои…
Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ја коментираше ситуацијата со Џими Батлер, откако кошаркарот заработи повреда уште во првата четвртина на мечот со Хјустон синоќа. Тој има повреда на карлицата откако падна по судар во воздух со Амен Томпсон. „Мислам дека немаше нешто посебно погрешно во оваа случка. Едноставно тоа се случува на натпреварите. Џими секогаш вели дека ќе биде добро. Но, ќе мора да почекаме што ќе покажат прегледите. Ако не може да игра, ќе мораме да ги преработиме сите планови за серијата. Ротација, старт, комбинации на играчи и сето тоа. Денеска не бевме доволно добри за победа“, заклучи…
Загрепска Цибона, еден од основачите на АБА кошаркарската лига, според информациите кои пристигнуваат од највисокото раководство на клубот, сериозно размислува за повлекување од регионалното натпреварување. Долгогодишното незадоволство од статусот и третманот се прелеа на последниот состанок. „Сè кулминираше со последните одлуки на Собранието на АБА-лигата, кои тргнаа кон укинување на националниот клуч со можност за проширување на лигата на 20 клубови, поделени во две конференции“, се вели во клупската реакција на загрепчани. Како што стојат работите во моментов, Цибона како претпоследен тим и според постоечките правила треба да игра за опстанок во лигата со финалистот од АБА 2 лигата. Покрај…
Екипите на Вардар и Струга ТЛ ќе играат во големото финале на фудбалскиот Куп на Македонија. Во реванш натпреварите од полуфиналето кои се одиграа попладнево, Вардар осигра 1:1 на гости кај екипата на Брера во Струмица и поради победата од првиот меч на домашен терен со 3:0, „црвено-црните“ обезбедија прво финале во Купот по 2007 година. Противник на Вардар во финалето ќе му биде Струга ТЛ, која успеа да остане непоразена на домашен терен во мечот со Шкендија. Стружани водеа со 1:0 се до 92. минута, кога Шкендија успеа да израмни на 1:1, но и тоа не беше доволно за…
За само неколку минути откако беа пуштени во продажба, сите билети за големото дерби од 5. коло во плеј-офот во домашното првенство меѓу Е. Пелистер и Вардар се распродадени. Од битолскиот состав на социјалните мрежи потврдија дека за овој меч веќе нема билети. Тоа значи дека скопските „црвено-црни“ ги чекаат полни трибини во салата „Боро Чурлевски“ во четврток од 18.30 часот за кога е закажан мечот со кој ќе биде заокружен првиот дел од финалното разигрување за титулата.
По одличното издание на полуфиналниот дуел со Киелце и триумфот со 37-29, младинскиот тим на Еурофарм Пелистер се пласираше во финалето на квалификацискиот турнир во Букурешт што значи и борба за завршниот турнир во Лигата на шампионите. За пласман во Келн ќе биде потребна уште една таква претстава, но против домаќинот Динамо Букурешт, кој во полуфиналето елиминира уште една полска екипа – Висла Плоцк. Домаќинот ќе ја има поддршката од трибините на своја страна во салата во Букурешт. Натпреварот стартува од 18:00 часот.
Претседателот на турскиот кошаркарски гигант, Фенербахче свика состанок на сопствениците на клубовите во Евролигата. Според најавата, сопствениците на евролигашките тимови ќе се сретнат во Истанбул. Претседателот на Фенербахче Али Коч ги повика сопствениците на клубовите од Евролигата на состанок следниот викенд во Истанбул за заеднички да одговорат на предлогот на НБА и ФИБА. Како што истакнува новинарот Марк Мунде, многу е тешко да се замисли дека на средбата ќе бидат присутни Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Жоан Лапорта (Барселона).
Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман се смета за една од приоритетните трансфер цели на Арсенал ова лето. Менаџерот Артета веќе најавил дека би сакал да го добие Французинот во тимот за идната сезона. 27-годишниот фудбалер има договор со баварскиот гигант до 2027 година, но тој изјави дека има намера да прифати нов предизвик, доколку добие добра понуда. Баерн исто така е отворен за продажба на Коман за да собере средства за негова замена. Дел од англиските медиуми пишуваат дека Арсенал долго време го следи Французинот, практично уште од времето на Еду кога тој беше спортски директор. Артета во…
