Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ја коментираше ситуацијата со Џими Батлер, откако кошаркарот заработи повреда уште во првата четвртина на мечот со Хјустон синоќа. Тој има повреда на карлицата откако падна по судар во воздух со Амен Томпсон.
„Мислам дека немаше нешто посебно погрешно во оваа случка. Едноставно тоа се случува на натпреварите. Џими секогаш вели дека ќе биде добро. Но, ќе мора да почекаме што ќе покажат прегледите. Ако не може да игра, ќе мораме да ги преработиме сите планови за серијата. Ротација, старт, комбинации на играчи и сето тоа. Денеска не бевме доволно добри за победа“, заклучи тренерот на Голден Стејт.

