По одличното издание на полуфиналниот дуел со Киелце и триумфот со 37-29, младинскиот тим на Еурофарм Пелистер се пласираше во финалето на квалификацискиот турнир во Букурешт што значи и борба за завршниот турнир во Лигата на шампионите.
За пласман во Келн ќе биде потребна уште една таква претстава, но против домаќинот Динамо Букурешт, кој во полуфиналето елиминира уште една полска екипа – Висла Плоцк.
Домаќинот ќе ја има поддршката од трибините на своја страна во салата во Букурешт. Натпреварот стартува од 18:00 часот.

