Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Брујнe ќе ги напушти „граѓаните“ на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот, а клубот одлучи да не му понуди нов договор. Самиот Белгиец не ја исклучи можноста кариерата да ја продолжи во друга премиерлигашка екипа. “Не знам дали клубовите од Премиер лигата се опција за мене, навистина. Не помина толку долго откако беше донесена одлуката за заминување. Морам да разговарам со нив и потоа да видам кој тим ме сака. Така што не знам, немам идеја”, изјави Де Брујне. Играчот од средниот ред беше измачуван од повреди оваа сезона,…
Author: saso
Женската ракометна репрезентација на Македонија и вторпат загуби од Полска во бараж мечевите за пласман на Светското првенство. Вечерва во полната сала во Битола, избраничките на селекторот Грчевски загубија со 21:23 и не успеаја да дојдат до пласман на Мундијалот. Главен проблем во нашата игра беа техничките грешки, поради кои никако не успевавме да фатиме залет кон победа. Катерина Дамјановска со пет гола беше најефикасна кај нас вечерва, Ива Младеновска постигна четири гола, додека Саздовска и Јанкуловска погодија по трипати.
Марк Маркез на Дукати ја освои својата четврта пол-позиција по ред, откако беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Катар, четвртиот круг од овогодинешниот шампионат во Мото ГП. Маркез до најдобрата стартна позиција на патеката „Лусаил“ стигна со круг од 1:50.499 минути, со десетинка предност пред помладиот брат Алекс, кој ги брани боите на Гресини. На двајцата во првиот ред на почетокот и на спринтот и на Гран при трката ќе им се придружи Фабио Квартаро на Јамаха.
Најдобриот македонски кајакар Ангел Петрушев е победник на 56. издание на Илинденскиот кајак слалом – Икас 2025. Денеска на патеката Матка се одржа годинешниот ИКАС 2025, кој годинава се бодувашеза Светската ранг листа на ИЦФ. Во популарната дисциплина К1, Петрушев беше најдобар по двете возења и со време 86,91 успеа да го освои првото место. Второпласиран заврши младиот македонски кајакар Кристијан Смилев, додека трет беше Марко Ѓорѓевиќ од Србија. Во К1 во женска конкуренција победи Ула Скок од Словенија, во Ц1 најдобар беше Матеј Тројаншек од Словенија, додека победничка во Ц1 кај дамите беше Лили Пинтериќ од Словенија.
Три месеци по неговото назначување за технички директор во ФФМ за развој на младинскиот фудбал, Ѓорги Христов на брифинг со претставници на медиумите даде видување за досегашната своја работа. „Оваа функција носи голема одговорност, но и привилегија. Од првиот ден сум присутен на терен, заедно со колегите, постојано следејќи ги натпреварите и развојот на младите фудбалери ширум државата.“ – изјави Христов. Во изминатиот период, воспоставена е стабилна структура со назначување на координатори по генерации. Артим Шаќири и Сашо Милошевски се назначени како координатори за категориите од 2007 до 2012 година. Тие го следат секое дете, ќе бидат директна поддршка за…
Ливерпул и официјално објави продолжување на договорот со Мохамед Салах. 32-годишниот крилен напаѓач потпиша нов договор со клубот во период од две години. Мохамед Салах игра за Ливерпул од 2017 година, освојувајќи седум титули во ова време, вклучувајќи ги Премиер лигата и Лигата на шампионите. Во англискиот клуб се пресели од Рома. Мохамед Салах во новиот договор со Ливерпул ќе заработи 20 милиони фунти. Салах оваа сезона на 31 натпревар во Премиер лигата постигна 27 гола и направи 17 асистенции.
Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс е прогласен за играч на колото во Лигата на шампионите. 26-годишниот играч за врска постигна два гола во првиот натпревар од четвртфиналето на турнирот против Реал Мадрид (3:0). Двата гола ги постигна од слободни удари. Англичанецот ги победи Квича Кварацхелија од ПСЖ, Алесандро Бастони од Интер и Роберт Левандовски од Барселона кои исто така беа во трка за признанието.
Кевин Дурент е надвор од терените една недела откако доживеа истегнување на скочниот зглоб на меч против Хјустон Рокетс на 30 март. Санс го загубија тој натпревар и следните три, ставајќи ги во ризик нивните надежи за постсезона. За жал за Феникс, тие нема да го имаат Дурент за уште еден натпревар и тоа повторно ќе биде проблем. „Кевин Дурент поради истегнување на левиот зглоб останува надвор од терените и за утрешниот натпревар против Голден Стејт Вориорс“, објави инсајдер од клубот.
Милан може малку да здувне, откако тестовите не покажале сериозна повреда на Сантијаго Хименез. Новиот напаѓач на „росонерите“ би требало дури и да биде подготвен за петочниот натпревар против Удинезе. Репрезентативецот на Мексико влезе од клупата за време на ремито 2-2 со Фиорентина на Сан Сиро во саботата навечер, но остана само 25 минути на терен, бидејќи по незгоден пад при судир со голманот Давид Де Хеа беше принуден да го напушти теренот со тешкотии со дишењето. Тестови не покажале лезии или скршеници, така што се работи само за модринка на градниот кош и стомачните мускули.
Суперкомпјутерот на популарниот извор на статистички податоци „Опта“ ги ажурира своите прогнози за очекувањата од завршницата на Лигата на шампионите. Британската технолошка компанија смета дека Барселона, која ќе се соочи со Борусија Дортмунд во оваа фаза од турнирот, има најголеми шанси да го крене пехарот. Шансите на Барса за финале се највисоки – 23%. Сите резултати презентирани од Opta се засноваат на преку 10.000 различни симулации, кои на крајот ги дадоа најновите предвидувања. Втор во прогнозите е Пари Сен Жермен со нешто повеќе од 19%, што значи дека Луис Енрике на крајот ќе се соочи со својот поранешен тим. Меѓу…
