Author: saso

Левото крило на Вардар, Марко Срдановиќ, најверојатно ќе си замине од Скопје по завршувањето на сезоната. Според пишувањето на српски „Журнал“, Срдановиќ ќе биде замена за Ахмед Сеса, кој го напуштил тимот на Војводина и заминал во Бундеслигата каде ќе ги брани боите на Вецлар.

Read More

Јувентус сериозно размислува за доведување на Сандро Тонали во својот тим идната сезона. Според „Газета дело Спорт“, „бјанконерите“ ја истражуваат можноста да го вратат Тонали во Серија А, нешто повеќе од една година откако италијанскиот играч од средниот ред му се приклучи на Њукасл. Се зборува дека Јувентус е подготвен да плати 70 милиони фунти за да го ангажира играчот од средниот ред на Њукасл, но засега нема одговор од англиска страна, дали тие се подготвени за оваа сума да се разделат со Тонали, кој се покажа како клучна фигура во тимот на последните неколку средби.

Read More

Реал Мадрид е серизоно загрижен од можноста Антонио Ридигер да биде суспендиран од УЕФА за првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал, бидејќи е под истрага. Германскиот дефанзивец е еден од четворицата играчи кои се под истрага за непристојно однесување по победата од 4-2 на пенали против Атлетико Мадрид, јавуваат англиските медиуми. Атлетико (М) упатил официјална жалба до Европската фудбалска асоцијација во врска со наводното неспортско однесување и од Килијан Мбапе, Даниел Себаљос и Винисиус Жуниор. Пресудата се очекува да биде објавена денеска, а шпанскиот весник Марка наведува дека другите тројца играчи се очекува да добијат парична…

Read More
NBA

Одлични вести за навивачите на Њујорк Никс во очекување на стартот на плеј-офот.Имено, најдобриот поентер Џејлен Брансон е блиску до враќање на терените по повредата. Брансон ќе тренира за првпат по повредата во петок и се очекува да биде под знак прашалник за настап веќе на саботниот натпревар против Атланта. Брансон се опоравува од истегнување на десниот зглоб, но ќе биде комплетно подготвен за стартот на разигрувањето за титулата.

Read More

Италијанската скијачка и овогодинешна победничка на Светскиот куп Федерика Брињоне заработи тешка повреда по падот за време на велеслаломска трка во италијанскиот шампионат. Во второто возење таа директно удри во капијата, имаше тежок пад и се здоби со двојна скршеница на ногата. Во придружба на нејзиниот брат и тренер Давиде, таа беше пренесена со хеликоптер во болницата Санта Кјара во Тренто. Италијанската федерација за зимски спортови (ФИСИ) соопшти дека и била дијагностицирана „мултифрагментарна фрактура на ногата“. Засега се уште не се знае колкав период Брињоне ќе мине надвор од патеките.

Read More

Новиот спортски директор на Арсенал, Андреа Берта, веќе ги обезбедил првите две нови засилувања за „топчиите“ за следната сезона. Берта пристигна во Лондон со богато искуство од Атлетико Мадрид, откако им се приклучи на лондончани како замена за Еду Гаспар. „Естадио Депортиво“ во Шпанија објави дека Еспањол веќе купува замена за Жоан Гарсија, кој по се изгледа е првото име кое Берта го договорил за трансфер во Арсенал ова лето. Каталонците ја прифатиле понудата за трансфер на Гарсија и голманот ова лето заминува на „Емирати“. Второто име за кое Берта веќе има позитивен сигнал дека ќе го облече дресот на…

Read More

Актуелниот одбојкарски првак на Македонија, екипата на Струмица е втор финалист во Купот на Македонија. Во второто полуфинале вечерва во рамките на Ф4 турнирот во Радовиш, Струмица со максимални 3:0 (25:13, 25:18, 25:18) славеше над екипата на ГОК Борец и обезбеди ново куп-финале. Во саботното финале во Радовиш, Струмица за противник ќе го има Штип УГД, кој денеска во првиот полуфинален дуел беше подобар од Работнички. Инаку, саботното финале ќе биде реприза на лаското куп-финале, кога Штип УГД направи сензација победувајќи го струмичкиот состав.

Read More

Одбојкарите на Штип УГД славеа во првото полуфинале на Ф4 турнирот од Купот на ОФМ кој денеска почна во Радовиш. Бранителот на трофејот со максимални 3:0 (25:13, 25:22, 25:20) беше подобар од екипата на Работнички. Штипјани во трите сета покажаа дека се подобар ривал и сега ќе го очекуваат противникот за финалниот меч в сабота. Во второто полуфинале вечерва ќе играат Струмица и Борец. Утре во Радовиш стартува и полуфиналниот дел од мечевите на женскиот турнир.

Read More

Денеска со ждрепка беа одредени двојките за полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во фудбал. Екипата на Вардар во првото полуфинале за противник го доби тимот на Брера Струмица, додека во вториот полуфинален дуел ќе играат Шкендија и Струга ТЛ. Полуфиналните дуели се закажани за в среда (9 април).

Read More

Плејоф фазата во макeдонската ракометна Суперлига стартува со големо дерби меѓу Вардар и Алкалоид, натпревар по кој треба да дознаеме кој тим ќе направи важен исчекор во битката за титулата. Пресметките меѓу двата скопски тима се многу интересни во последно време и полека нивното ривалство прераснува во едно големо дерби, па затоа вечерва во 19:00 часот се очекува да биде нависитна возбудливо во СЦ „Јане Сандански“. Гоце Георгиевски како еден од најискусните играчи на Вардар се вклучи во програмата на „Спортското радио 90,3 фм“, па покрај тоа што направи најава за дербито, испрати и покана до сите љубители на ракометот…

Read More