Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Георгиевски пред дуелот со Алкалоид: Очекувам супер-интересен плеј-оф
    Ракомет

    Георгиевски пред дуелот со Алкалоид: Очекувам супер-интересен плеј-оф

    sasoBy saso02/04/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Плејоф фазата во макeдонската ракометна Суперлига стартува со големо дерби меѓу Вардар и Алкалоид, натпревар по кој треба да дознаеме кој тим ќе направи важен исчекор во битката за титулата.

    Пресметките меѓу двата скопски тима се многу интересни во последно време и полека нивното ривалство прераснува во едно големо дерби, па затоа вечерва во 19:00 часот се очекува да биде нависитна возбудливо во СЦ „Јане Сандански“.

    Гоце Георгиевски како еден од најискусните играчи на Вардар се вклучи во програмата на „Спортското радио 90,3 фм“, па покрај тоа што направи најава за дербито, испрати и покана до сите љубители на ракометот и спортот вечерва да се појават во салата во Аеродром.

    – Ждрепката посака да имаме големо дерби уште во првото коло, ни доаѓа многу квалитетен противник и знаеме што да очекуваме. Имавме време да се подготвиме, го анализиравме Алкалоид и подготвени сме за нив. Очекувањата се меѓусебните дуели со Алкалоид и Еурофарм Пелистер да одлучат за титулата, но очекувам супер интересен плејоф во кој не треба да ги заборавиме и Охрид и Тиквеш кој е незгоден на домашен терен, – изјави Георгиевски, кој не пропушти да се наврати на двата меча меѓу Вардар и Алкалоид од првиот дел од сезоната, на кои видовме по една победа на двата тима.

    – Двата натпревари кои ги одигравме оваа сезона беа неизвесни и интересни и покажаа дека двата тима играат напаѓачки ракомет со многу трчање. Беа постигнати голем број погодоци, нивниот тим е исполнет со млади македонски играчи кои трчаат во текот на 60 минути и мислам дека не чека еден интересен и возбудлив меч, – додаде искусното крило, кое за крај ги повика фановите во што поголем број да се појават во „Јане Сандански“, особено поради тоа што сите собрани средства ќе заминат за погодените семејства од Кочани.

    – Овој натпревар има и хуманитарен карактер, клубот одлучи средствата да бидат наменети за жртвите во Кочани и затоа и ги канам сите љубители на спортот и ракометот да дојдат вечерва. Ќе гледаат интересен натпревар, а истовремено ќе покажат хуман гест за сите настрадани во Кочани, – заврши Георгиевски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.