Младите ракометари на шампионот Еурофарм Пелистер со победа ги започнаа настапите во ЕХФ Лигата на шампионите за младинци на турнирот во Романија. Во премиерниот натпревар од ЕХФ Лигата на шампиони за млади, со одлична игра, битолските „зелено-бели“ високо ги поразија нивните врсници од екипата на Киелце од Полска.
Еурофарм Пелистер славеше со 37:29 во натпревар во кој одлично издание имаше Алем Хаџиќ, кој средбата ја заврши со 14 постигнати гола. Одлично издание имаше и Буторац со 7 и Лозановски со 5 гола.

