Author: saso

Фудбалската федерација на Македонија потврди дека целиот приход од продажбата на билетите од претстојниот дуел против репрезентацијата на Велс, кој Македонија го игра во вторник на Арената Тодор Проески од 20:45 часот, ќе оди за настраданите во трагедијата во Кочани. Информацијата за ваквата одлучка на раководството на ФФМ пристигна уште вчера со изјава на претседателот Масар Омерагиќ, а истата сега добива и на официјализација преу социјалните мрежи. Сите фанови на македонската фудбалска репрезентација ќе можат да набават билети и деновиве на патформата на ФФМ.

Read More

Репрезентацијата на Македонија денеска беше поразена со минимални 1:0 од соодветната селекција на Албанија во рамките на вториот контролен натпревар што го одиграа овие две селекции во Корча. Вториот тест меч помеѓу Албанија и Македонија по многу нешта наликуваше на првата пресметка помеѓу овие две селекции. Динамичен натпревар со многу борба, трчање, но без премногу шанси за гол. Голот за победа, домаќините го постигнаа во 73. минута преку Красниќи. Избраниците на селекторот Ерхан Селими може да жалат за пропуштените прилики во второто полувреме. Цека ја имаше најдобрата можност за Македонија, по нафрлената топка биеше со глава, но ја погоди стативата.…

Read More

Репрезентацијата на Македонија до 16 години загуби 3:0 од соодветната селекција на Русија во контролен натпревар што беше одигран во Сиде, Анталија. Противникот ја оправда фаворитската улога и заслужено оствари триумф. Уште пo првите 45. минута, репрезентацијата на Русија со два гола го реши прашањето на победникот. Во вториот дел постигнаа уште еден гол за конечни 3:0. Избраниците на селекторот Драган Начевски имаа свои прилики на денешната средба кои не ги искористија. Најдобрите можности за Македонија ги имаа Сонер Ракипи и Дејан Спасевски, но без реализација. Младата репрезентација на Македонија во Анталија ќе одигра уште еден контролен натпревар. Противник ќе…

Read More

Андрија Делибашиќ, некогашен фудбалер на репрезентацијата на Црна Гора и белградски Паризан, почина денеска на 44-годишна возраст. Поранешниот напаѓач на белградските „црно-бели“ почина две години откако му беше дијагностициран тумор на мозокот. По Партизан, Делибашиќ играше за Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, Беира Мар, Сосиедад, Херкулес, Рајо, Рачабури и Сутјеска. За црногорската репрезентација настапи 21 пат и постигна шест гола.

Read More

Ракометниот клуб Охрид обезбеди уште едно странско засилување за следната сезона. Тимот кој се подготвува да биде сериозен опонент на најдобрата тројка во домашното првенство, за идната сезона обезбеди уште едно засилување од странство. Станува збор за пикерот Николаос Лиапис, кој ќе биде член на ГРК Охрид од следната сезона. 25-годишниот ракометар, кој е член на Олимпијакос, ќе го засили новиот тим кој ќе го гради српскиот стратег Борис Ројевиќ, кој доаѓа на местото на Стевче Алушовски, чиј договор најверојатно нема да биде продолжен.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Лихтенштајн, Конрад Фунфштик, вели дека Македонија е голем фаворит на првиот меч од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. „Ако се држиме според планот за игра, ќе успееме да дојдеме до нашата цел, тоа е да им направиме што е можно повеќе потешкотии на противниците. Ние сме аутсајдери во секој меч, ама не го криеме тоа. Македонија вреди многу повеќе од овој тим на Лихтенштајн. Ама и покрај тоа сакаме да одиграме убав меч пред нашите гледачи и да покажеме напредок и убав фудбал“, изјави селекторот на Лихтенштајн. Македонија му гостува на Лихтенштајн во…

Read More

Шампионот на светското клупско првенство кое ќе се одржи ова лето ќе добие над 100 милиони долари за победа во финалето. Земајќи ги предвид средствата заработени во претходните кола, паричната награда на победникот може да изнесува од 150 до 170 милиони долари. Светското клупско првенство ова лето ќе се одржи со учество на 32 клуба на територијата на САД од 15 јуни до 13 јули 2025 година.

Read More

Хрватскиот ветеран Лука Модриќ се надева дека ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона. 39-годишниот играч од средниот ред сака да го продолжи договорот со мадридскиот клуб на една година, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо. Актуелниот договор на Хрватот со Реал Мадрид е до 30 јуни 2025 година. На 44 натпревари оваа сезона во сите натпреварувања, Модриќ има 4 гола и 7 асистенции за мадриѓаните.

Read More

Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Англија на стартот од квалификациите за СП 2026 година, соопшти денеска неговиот клуб. „Палмер се врати во клубот од таборот на репрезентацијата на Англија поради повреда на мускулот со која се здоби на неделниот тренинг на тимот. Поради таа повреда Палмер не играше за Челзи против Арсенал во неделата. Палмер поради повреда ќе ги пропушти натпреварите на Англија против Албанија и Летонија“, се вели во соопштението на „сините“. Англија во петок ја пречекува Албанија, а во понеделник гостува кај Летонија, на стартот од натпреварувањето во квалификациската група…

Read More

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Лучијано Спалети го повика крилниот напаѓач на Аталанта, Раул Беланова во репрезентацијата за четвртфиналето против Германија во Лигата на нации, откако се повредија Матија Закањи и Андреа Камбиасо, објавија италијанските медиуми. Првиот натпревар е во четврток на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, додека реваншот во недела ќе се игра во Дортмунд со истиот термин. Италијанците веќе мораа да бараат замена за ѕвездата на Интер, Федерико Димарко, па доцна синоќа проблемите на Спалети се зголемија. 24-годишниот Беланова досега има четири настапи за италијанската репрезентација, додека оваа сезона за Аталанта забележа 36 настапи во сите натпреварувања.

Read More