Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри е победник на денешната трка за Големата награда на Кина во Формула 1. Австралиецот ја забележа својата трета победа во кариерата на патеката во Шангај, при што неговиот тимски колега Ландо Норис заврши на второто место.
Третото место му припадна на возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, додека актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул целта ја мина четврти. Петтата и шестата позиција им припаднаа на возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон , додека поени освоија и Естебан Окон (Хаас), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Александар Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хас) .
Во генералниот поредок по две трки, Норис води со 44 бодови, Верстапен е втор со 36 бодови.

