Холандија имаше фантастична завршна вечер на Европското атлетско првенство во сала во Апелдорн освојувајќи неверојатни пет златни медали во една сесија, зголемувајќи го нивниот вкупен број на седум злата што беше нивно најдобро достигнување досега во европската историја на првенства во сала. Џесика Шилдер победи во фрлање ѓуле за жени, изненадувачка победа оствари Семјуел Чапл на 800 метри кај мажите во неговото прво меѓународно финале, додека искусниот интернационалец Мено Влун ја подели титулата во скок со стап со Гркот Емануил Каралис. Конечно, речиси неизбежно, холандските машки и женски тимови на 4×400 метри освоија по злато, а Фемке Бол ја имаше…
Author: saso
Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски, вечерва по 20.30 часот ќе настапи во финалето во скок во далечина на Европското првенство во сала во Апелдорн, Холандија. Синоќа во квалификациите, Трајковски со нов македонски рекорд од 7.85 метри успеа да го освои 7. место и да избори место меѓу финалистите кои денеска ќе се борат за медалите. Со трите скока вчера, Трајковски влезе во историјата на македонската атлетика, па вечерва очекуваме уште еден напад на актуелниот негов личен и македонски рекорд и секако што подобар пласман на континенталниот шампионат.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз од ПСЖ на домашен терен ја затвори сезоната во Лигата на шампионите. „Зелените“ во мечот за престиж покажаа дека не случајно се дел од најдоброто европско друштво, одигрувајќи уште еден квалитетен натпревар. По мечот тренерот на „зелено-белите“ Раул Алонсо истакна дека е горд на играчите и за она кое го покажале оваа сезона. „Многу сум горд на Битола и на моите играчи, затоа што денес дадовме се што можевме. Имавме тешка недела, дел од ракометарите беа болни, па не беше лесно да се подготви овој дуел. Можеби не бевме и доволно добри во одбраната.…
Германски Скај Спортс пишува дека РБ Лајпциг засега ќе го задржи Марко Розе како главен тренер на тимот, но доколку продолжи серијата променливи резултати, на крајот на сезоната Розе најверојатно ќе мора да си замине. Според информациите на германската тв-мрежа, шефот за глобални операции во Ред Бул, Јирген Клоп, посочил тројца кандидати кои можат да ја преземат тренерската позиција во бундеслигашот. Иако се зборуваше дека меѓу кандидатите е и екс-тренерот на Манчестер Ј., Ерик Тен Хаг, Клоп не го ставил на списокот на потенцијални кандидати. Клоп најавил дека треба да се разговара со Себастијан Хенес од Штутгарт, Оливер Гласнер од…
Шпанската Ла Лига одговори на најавата дека е поднесена претставка во полицијата за навреди на расна основа кон фудбалерот на Реал (М), Винисиус Јуниор. Ла Лига ги разгледа навредливите скандирања и гестови на навивачите на Реал Сосиедад кон крилниот напаѓач на Реал Мадрид за време на натпреварот од Копа дел Реј. Претставниците на лигата стапија во контакт со автономната полиција на Баскија и ја доставија претставката. „По собирањето на потребните докази за да се докаже постоењето на расистички навреди, што беше извршено преку пребарување и анализа на снимките, Ла Лига поднесе жалба до автономната полиција и против одговорните за навредите…
Поранешниот тренер на Милан, Пауло Фонсека е казнет со суспензија од 9 месеци поради инцидентот во кој со главата го удри судијата на последниот натпревар на Лион против Брест во француската Лига 1. Фонсека, кој го презеде Лион на крајот на јануари, а веќе е во центарот на огромен скандал кој носи и сериозни последици. Неговата казна вклучува забрана за водење натпревари и престој на клупата до 30 ноември. До 15 септември нема да може да влезе во соблекувалната на тимот, а по тој период ќе биде целосно изолиран од активностите на теренот. Раководството на Лион се уште нема донесено…
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез по вчерашниот меч со Феенорд во Лигата на шампионите, за италијанските медиуми изјави дека сака остатокот од кариерата да го помине во Интер. Аргентинецот го постигна вториот гол за миланскиот клуб против Феенорд и стана најдобриот стрелец на Интер во Лигата на шампионите во историјата. По победата Лаутаро озјави дека сака остатокот од кариерата би сакал да го помине во Милано. „Го сакам овој клуб и се чувствувам се подобро секој ден. Потпишав продолжување на договорот летово, иако имав многу други понуди. Со задоволство би останал во клубот и до крајот на кариерата. Среќен сум…
И покрај сите шпекулации за тежината на неговата повреда, голгетерот на Њукасл, Александар Исак тренираше со своите соиграчи вчера. Тоа е добар знак за фановите на Њукасл кои го очекуваат неговиот старт на финалениот меч од Лига Купот против Ливерпул. Според информациите на Скај Спортс, охрабрувачко е тоа што Исак вчера се појави на тренингот на тимот и бил „добро расположен пред претстојните натпревари“. 25-годишниот напаѓач беше сликан со една бандажирана повреда под десното колено што веројатно малку загрижува, но прогнозите се дека тој ќе биде подготвен за мечот со Ливерпул во битката за првиот трофеј сезонава.
Јувентус полека се фокусира на нови засилувања за следната сезона. Според „Тутоспорт“, тимот од Торино веќе има едно име за кое се надева дека ќе биде дел од новиот состав за следната сезона. Станува збор за играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон. Всушност, во средината на јануари во Бергамо се одржала вечера меѓу двајца важни претставници на Јуве и Аталанта, Кристијано Џунтоли и Тони Д’Амико. Џунтоли покажал интерес за некои од скапоцените камења на Аталанта, а тоа се Лукман и Едерсон. Впрочем, „Старата Дама“ веќе ги разбранува работите за поранешниот играч на Салернитана пред една година, но доби негативен…
Македонскиот нордиец Ставре Јада, како наш претставник на Светското првенство во Трондхејм, Норвешка, успеа да обезбеди квота за учество на Зимските Олимписки Игри 2026 во Милано. Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги извозе квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех. На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место. „Овој резултат е доказ за упорноста, трудот и посветеноста на македонските скијачи, кои и покрај…
