Author: saso

Спортистите кои освоија медал на последните Олимписки игри во Париз добија ветување дека во било кое време може да побараат замена на истите, доколку детектираат некое нивно оштетување. Според официјалните информации од организаторите, досега стигнале 220 барања за замена на медалите, на чија површина е забележано оштетување кое не е предизвикано од нивните сопственици. Медалите беа изработени до познат француски бренд за луксузен накит, а во нив е вметнат и мал дел железо од Ајфеловата кула, кој е обезбеден при последната реставрација направена минатиот век. Неколку спортисти објавија фотографии и видеа од медалите, жалејќи се на слабиот квалитет на нивната…

Read More

Релациите меѓу раководството на Милан и тренерот Серџо Консеисао не се на посакуваното ниво и се чини дека само голем пресврт може да го одржи Португалецот на актуелната позиција за следната сезона. Поразот од Болоња беше уште еден удар за „росонерите“ во обидот да се приближат до Топ 4 зоната, а Златан Ибрахимовиќ и неговите соработници го губат трпението со Консеисао, кој истовремено има и темперамент поради кој се шпекулираше за конфликт со дел од играчите. Италијанските медиуми шпекулираат дека Консеисао може да биде отпуштен и во текот на сезоната, дека Мауро Тасоти е подготвен да биде привремена опција, а…

Read More

Ракометната Федерација на Македонија денеска информирае дека од понеделник ќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот на сениорската ракометна репрезентација која на 12 март со почеток во 20:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра квалификацискиот натпревар за ЕП 2026 против селекцијата на Словенија. Продажбата на влезници ќе оди преку интернет-страницата на МК Тикетс, а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Продажната цена на влезниците за натпреварот е 200 и 300 денари.

Read More

Живата легенда на Баерн Минхен, Томас Милер, за германските медиуми ја коментираше моменталната позиција со преговорите со клубот за нова соработка. 35-годишниот ветеран има договор само до крајот на актуелната сезона и се уште е нејасно дали ќе остане и следната сезона. „Ние сме во преговори. Зборуваме и за спортски и за финансиски аспекти“, изјави Милер за весникот „Шпигел“. „Сè уште многу се забавувам играјќи фудбал. Сакам да продолжам“, додаде офанзивниот играч за врска на Баварците. Милер е младински играч на Баерн, кој влезе во првиот тим во 2009 година.

Read More

Шпанската Ла Лига поднела жалба до Европската комисија против Манчестер Сити , откри претседателот Хавиер Тебас. Во жалбата се наведува дека англискиот клуб го прекршил законот на ЕУ за натпреварување. Тебас објави дека е доставен уште во 2023 година и е поврзан со Регулативата за странски субвенции. Станува збор за субвенции што ги даваат земји кои не се членки на ЕУ за компании кои работат во ЕУ. Аргументот на Ла Лига е дека Манчестер Сити добил странски субвенции од Обединетите Арапски Емирати, што му овозможило на клубот да ја подобри својата конкурентска позиција, истовремено предизвикувајќи значителни нарушувања на различни национални…

Read More

Јувентус објави информација за природата на повредата на Даглас Луиз. Клубот од Торино објави дека на играчот од средниот ред му била дијагностицирана полесна повреда на бицепсниот мускул на левата бутина. Бразилецот се повреди на натпреварот против Каљари (1:0). Ова е четврта повреда за играчот од средниот ред оваа сезона. Според Џанлука Ди Марцио, Луиз ќе биде надвор од терените околу 15 дена.

Read More

Атлетико оваа сезона нема пораз од Реал Мадрид или Барселона. Синоќа Атлетико и Барселона одиграа нерешено 4-4 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Шпанија. На почетокот на оваа сезона, мадридскиот тим ја победи Барса во натпревар од Ла Лига (2:1). Атлетико исто така е непоразен во два меча оваа сезона против Реал Мадрид, а двете средби во Ла Лига завршија 1-1. Атлетико ќе игра против Барселона во Ла Лига на 16 март и во реваншот од полуфиналето на Купот на 2 април. Избраниците на Диего Симеоне ќе се сретнат и со Реал Мадрид во 1/8 финалето од Лигата на…

Read More
NBA

Ѕвездата на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ синоќа на мечот против својот довчерашен клуб Далас Маверикс го повтори уникатното достигнување во НБА лигата. Имено, словенечкиот кошаркар за првпат во дресот на Лејкерс успеа да направи трип-дабл со 19 поени, 15 скока и 12 асистенции. Дончиќ сега успеал да направи трипл-дабл против сите 30 НБА тимови. Освен него, ова им успеа само на Леброн Џејмс и Расел Вестбрук.

Read More

Навивачите на Манчестер Сити на социјалните мрежи се жалат поради тоа што судијата Џаред Џилет е именуван за судија на дуелот против Тотенхем вечерва, ако се знае дека станува збор за судија кој на неколкупати го оштетуваше тимот на Гвардиола оваа сезона. Џилет всушност испрати извинување до Сити по неговата лоша арбитража за време на ремито 2-2 со Брентфорд во средината на јануари, а истиот судија, исто така, му досуди контроверзен пенал на Њукасл против Сити на Сент Џејмс Парк претходно оваа сезона, за кој дури и Алан Ширер призна дека бил непостоечки. Претходно беше објавено дека Џилет е навивач…

Read More

Две децении откако беше домаќин на инаугуративното издание во Мека, Саудиска Арабија повторно ќе биде во срцето на регионалниот спорт. Во ноември, Ријад ќе ги пречека најдобрите светски спортисти на шестото издание на Игрите на исламската солидарност, настан кој има за цел да го зајакне братството меѓу нациите со мнозинско муслиманско население. Ова е првпат една земја да биде домаќин на Игрите двапати. Првично планирано да се одржи во Камерун, првенството неочекувано беше преместено во Саудиска Арабија.

Read More