Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим по поразот од Тотенхем со 1:0, изјави дека неговиот тим имаше многу шанси, но не успеа да реализира ниту една, што беше неминовно за пораз. „На крајот тие постигнаа гол, а ние не. Ова е најголемата разлика. Имавме многу шанси, но на крајот тие реализираа една, а ние не“, изјави Аморим. По 24 одиграни натпревари, Тотенхем се наоѓа на 12. место во поредокот во Премиер лигата, со 30 бодови. Манчестер Јунајтед е 15-ти, со 29 бодови.
Author: saso
Килијан Мбапе ќе се врати во француската репрезентација на следниот тренинг камп. Тоа го потврди селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп. Килијан Мбапе немаше најдобар почеток во Реал Мадрид, по што беше изоставен и од Дешамп во националниот тим. Репрезентацијата на Франција повторно ќе се собере кон средината на март, каде што ги очекуваат два натпревари против Хрватска во Лигата на нациите.
Мануел Аканџи ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда. Дефанзивецот на Манчестер Сити заработи повреда на мускулот на крајот на првото полувреме од натпреварот против Реал Мадрид (2:3) и беше заменет. Клубот се уште нема дадено официјална изјава за сериозноста на повредата на Аканџи, но Тајмс објави дека прелиминарните тестови покажале дека играчот ќе отсуствува неколку недели. Поради тоа, Швајцарецот нема да може да учествува на натпреварите против Њукасл и Ливерпул во Премиер лигата, а ќе го пропушти и реваншот против Реал Мадрид.
Трансферот на Висам Бен Једер во редовите на Венеција пропадна. Според информациите, клубот од Серија А не сакал да потпише со Французинот поради проблемите кои 34-годишниот Бен Једер ги има надвор од фудбалот. На 12 ноември 2024 година, Кривичниот суд во Ница го прогласи поранешниот напаѓач на Монако за виновен за сексуален напад додека бил во алкохолизирана состојба. Тој е осуден на две години и шест месеци затвор, од кои 18 месеци условно. Тој подоцна ја обжали одлуката. Бен-Једер е обвинет и за „силување, обид за силување и сексуален напад“ за дела што се случиле во летото 2023 година. Овој…
Директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли, потврди дека работат со ПСЖ за продолжување на соработката со Рандал Коло Муани и следната сезона, особено по одличниот старт на Коло Муани во дресот на „Старата Дама“. „Требаше да покриеме некои празнини создадени од повредите, па моравме да интервенираме во одбраната со тројца играчи, а поради повредата на Милик се свртевме и кон Коло Муани“, изјави Џунтоли. „Имаме добар однос со ПСЖ и кога беше затворен преодниот рок, веќе видовме дека Милик можеби нема да биде подготвен на време, па работевме да ги поставиме темелите на овој трансфер. Договорот што го постигнавме со нив,…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по вчерашната голема победа на гостувањето кај Манчестер Сити од 2:3, изјави дека е задоволен од играта на својот тим и дека го радува враќањето на двајца играчи за реваншот на „Сантијаго Бернабеу“. „Денес добро се браневме и во оние ретки моменти кога ја загубивме присебноста и почнавме да притискаме високо, противникот ни создаде проблеми. Ова е важна лекција за нас. Но, јас ќе го кажам ова: денешната дефанзивна линија никогаш не играла заедно, а и никогаш не ни тренирале заедно, но одиграа брилијантно… Но мислам дека ни требаат Ридигер и Алаба за реваншот.…
Според весникот „Corriere dello Sport“, Серија А лигата е подготвена да изврши притисок врз телото за контрола на фудбалските правила (ИФАБ) пред нивниот следен состанок на 1 март во Цирих, за да се воведат две големи промени, дозволувајќи му на ВАР да интервенира во случај на втор жолт картон, доколку е неправилно доделен, но исто така и да ги оценува корнерите. Сепак, дури и ако овие промени се направат во протоколот, ИФАБ не може да ги донесе до сезоната 2026-2027 година. Протоколот е составен на тој начин за да се ограничи каде ВАР може да интервенира бидејќи во спротивно премногу…
По Лука Дончиќ, Лос Анџелес Лејкерс решија да направат нов потег откако го доведоа во своите редови и украинскиот кошаркар Алекс Лен. Алекс Лен е центар и ќе игра во Градот на ангелите откако Лејкерси го откажаа трејдот на Марк Вилијамс од Шарлот. Ова остави празнина на центарската позиција. Лејкерси се откажаа од Кристијан Вуд, кој оваа сезона не играше поради рехабилитација на коленото, во замена за нов играч. Триесет и едногодишниот украински кошаркар првично сакаше да оди во Индијана Пејсерс, но потоа реши да им се придружи на Лука Дончиќ и останатите ѕвезди на тимот на Лејкерс. Лен оваа…
Белгиски Клуб Бриж вечерва ќе ги одмери силите со Аталанта во првиот меч од плеј-оф рудната во Лигата на шампионите. Италијанците се големи фаворити и тоа се должи пред се на резултатите кои овие два тима ги имаат низ историјата. Аталанта во мечот влегува во добра форма, но и со предноста во меѓусебните дуели со Белгијците, кои имаат сериозен проблем во мечевите со италијански екипи во европските купови. Имено, Клуб Бриж скоро пет децении не знае за победа против италијански тим во Европа. Клуб Бриж одигра 0-0 против Јувентус оваа сезона, а минатата година се соочи со италијански противник во…
По ремито во големото градско дерби со Реал (М) синоќа, тренерот на Атлетико (М), Диего Симеоне зборуваше за битката со Барселона околу шампионската титула оваа сезона. „Барселона, сè уште тврдам, е најдобриот тим во Ла Лига оваа сезона. Напаѓаат одлично и имаат неверојатна брзина. Ако успеат да победат во Севиља, табелата ќе биде доволно тесна за новинарите малку да се забавуваат“, рече тренерот на Атлетико. Во очекување на вечерашниот дуел во Севиља, Реал Мадрид води во Ла Лига со 50 бодови, Атлетико е втор со 49, а трета е Барса со 45 бода и натпревар помалку.
