По Лука Дончиќ, Лос Анџелес Лејкерс решија да направат нов потег откако го доведоа во своите редови и украинскиот кошаркар Алекс Лен.
Алекс Лен е центар и ќе игра во Градот на ангелите откако Лејкерси го откажаа трејдот на Марк Вилијамс од Шарлот. Ова остави празнина на центарската позиција. Лејкерси се откажаа од Кристијан Вуд, кој оваа сезона не играше поради рехабилитација на коленото, во замена за нов играч.
Триесет и едногодишниот украински кошаркар првично сакаше да оди во Индијана Пејсерс, но потоа реши да им се придружи на Лука Дончиќ и останатите ѕвезди на тимот на Лејкерс. Лен оваа сезона одигра 36 натпревари за Сакраменто Кингс, со просек од 1,4 поени по натпревар. 213 сантиметри високиот кошаркар важи за многу добар одбранбен играч.

