По изненадувачката победа на Хрватска против Франција во првото полуфинале на Светското првенство, време е за второто полуфинале, чиј домаќин ќе биде „Јунити Арената“ во Осло, каде Данска ќе се соочи со Португалија (20:30 ч.).
На хартија овој меч изгледа како битка меѓу Давид и Голијат. Данска е актуелен шампион, нема загубено официјален натпревар повеќе од една година и не дозволи пораз на светските првенства веќе осум години. Од друга страна, Португалија за првпат во историјата е во оваа фаза од натпреварувањето и може да го обезбеди својот перв медал во историјата.
Данска има постигнато најголем број голови на овој Мундијал – 258, со просекод 36,8 гола по натпревар – 18 повеќе од Португалија. Тие исто така имаат примено четири гола помалку во просек (23,2 спрема 27,7) од Португалија.
Ако успеат да дојдат во финале, Данците ќе се обидат да го надминат сопствениот рекорд, како прва селекција која четири пати по ред ја освојува титулата светски шампион.

