Фајнл-фор завршницата во Евролига за прв пат ќе се одржи надвор од Европа. Домаќин ќе биде Абу Даби и Етихад Арената, а билетите ќе бидат пуштени во продажба на 26 февруари. За првпат во историјата ова натпреварување се сели во Обединетите Арапски Емирати. Етихад Арена има капацитет од 12.000 места.
Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок на 23 мај во 19:00 и 22:00 часот по локално време, додека натпреварите за третото место и финалето ќе се одиграат во недела на 25 мај.

