Некогашниот репрезентативец на Хрватска и поранешен ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, во анализа на противникот на Хрватска во четвртфиналето на ова СП, вели дека според квалитетот кој го покажа Унгарија, шансите на двете селекции се 50:50.
„Сè ќе биде важно, секоја ситница. Верувам дека можеме да бидеме благи фаворити пред домашната публика во добра атмосфера со ваква одбрана и голмани. Унгарија е одлична репрезентација со ист селектор веќе три години. Тие добро се познаваат и играат во исти клубови. Нема да биде лесно, но верувам дека можеме да стигнеме до полуфинале“, вели Чупиќ.

