Македонската ракометна репрезнетација во третиот меч од првата фаза на Светското првенство во Хрватска успеа да ја запише првата победа и да го потврди своето место во втората рунда на првенството. Денеска во арената во Вараждин, момците на Кире Лазаров беа подобри од Гвинеја со 29:20 и успеаја да го освојат третото место во групата со кое продолжуваме со нови три меча во новата фаза од шампионатот.
Лазаров на оваа средба не сметаше на Марко Митев, кој поради ситна повреда мораше да одмори. На негово место стартер беше Карасманакис.














Како и на двата претходни меча најдобар реализатор во нашиот тим беше Филип Кузмановски. Капитенот денешниот дуел го заврши со 12 гола. Атанасијевиќ и Костески мечот го завршија со по 4 гола, а одлично издание на голот имаше Кизиќ со 14 интервенции.
Македонија сега има ден за одмор пред почетокот на следната фаза и првиот меч во вторник со Австрија.

