Центарот на Панатинаикос, Матијас Лесор, синоќа на меч од Евролигата се здоби со скршеница на левата нога. Потврда за тоа стигна на прес-конференцијата веднаш по завршувањето на средбата.
„Матијас ќе направи магнетна резонанца. Има скршеница“, изјави тренерот на Панатинаикос.
Првите информации велат дека се работи за скршеница на фибулата. Доколку се потврди информацијата, тој би можел да остане надвор од терените и до 3 месеци.

