Кошаркарите на Милвоки синоќа ја освоија титулата во НБА Купот, откако во финалето во Лас Вегас ја совладаа Оклахома со 97:81.
Милвоки го реши натпреварот на крајот од третата и почетокот на четвртата четвртина, кога дојде до серија од 19:5 и до недостижни 19 поени разлика (88:69).
Во победничкиот тим, грчкиот центар Јанис Адетокунбо оствари трипл-дабл учинок со 26 поени, 19 скока и 10 асистенции, заедно со три блокади и две украдени топки.
Демијан Лилард додаде 23 поени за Милвоки, со по четири скока и асистенции, додека Брук Лопес (девет скока) и Гери Трент Јуниор постигнаа по 13 поени.
Најефикасен во тимот на Оклахома беше Шеј Гилџес-Александер со 21 поен, а Џејлен Вилијамс постигна 18 поени.
Секој играч на Милвоки ќе добие 514.971 долари како награда за освоената титула, додека финалистите на НБА Купот ќе добијат по 205.988 долари.
Финалето на НБА Купот не се смета во дел од регуларниот дел од сезоната во НБА.

