Кошаркарите на Кливленд го победија Бостон со 115:111 во големото дерби на врвот во Истокот. Со оваа победа Кавс ја прекинаа серијата од седум победи на Селтикс и повторно покажаа дека се во извонредна форма. Донован Мичел ги предводеше домашните до победа со 35 поени, од кои 20 постигна во четвртата четвртина, а имаше и седум скока, три асистенции и две украдени топки. Тој погоди шест шута од поле во последниот дел од мечот, од кои четири беа тројки.
Во победата Дариус Гарланд придонесе со 22 поени, а Џорџ Нианг и Крис Леверт имаа по 13 поени. Во тимот на актуелниот шампион најефикасен беше Џејсон Тејтум со 33 поени.
Лос Анџелес Клиперс го победи Денвер со 126:122 и ја постигна 13-та победа сезонава. Клиперси ги предводеше Џејмс Харден со 39 поени, 11 асистенции и девет скока. Тој ги погоди сите 13 слободни фрлања и три тројки во првото полувреме за да стигне до бројката од 3.000. Во тимот на Денвер, српскиот центар Никола Јокиќ постигна 28 поени, заедно со 14 скока и 11 асистенции, што беше негов осми трипл-дабл сезонава.
Кошаркарите на Далас го победија Портланд со 137:131 и ја постигнаа четвртата последователна победа. Во тимот на Далас, Лука Дончиќ се врати на теренот по пауза од пет натпревари поради повреда на зглобот и постигна 36 поени, заедно со 13 асистенции и седум скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Бруклин – Орландо 92:100
Мемфис – Индијана 136:121
Њујорк – Њу Орлеанс 118:85
Торонто – Мајами 119:116
Кливленд – Бостон на 115:111
Хјустон – Оклахома 119:116
Сакраменто – Сан Антонио 125:127
ЛА Клиперс- Денвер 126:122
Јута – ЛА Лејкерс 104:105
Портланд – Далас 131:137

