По вчерашниот пораз во Скопје, машката кошаркарска репрезентација на Македонија денеска патува за Клаипеда, каде в недела ќе го одигра и вториот меч со Литванците во рамките на квалификациите за ЕП 2025.
Се очекува Македонија за неделниот дуел во Клаипеда да биде засилена со Ненад Димитријевиќ, но селекторот Јончевски објави дека Магдевски и Хап нема да може да помогнат ниту на гостувањето во Литванија.
„Верувам дека со Димитријевиќ работите ќе бидат подобри, но ќе мораме да го смениме ставот и да одиграме цел меч ако сакаме подобар исход. Итан Хап дојде, неговата состојба не е подобрена, истото важи и за Магдевски, двајцата нема да патуваат со нас во Литванија, повредите очигледно се посериозни и тие нема да можат да ни помогнат ниту на вториот натпревар“, вели Јончевски.

