По сите обвинувања за случувањата на трката за ГН на Мексико, трикратниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен даде уште еден коментар во врска со инцидентот со возачот на Мекларен, Ландо Норис .
„Не направив ништо намерно. Не можат да гледаат во мојата глава и да кажат нешто со сигурност. Тоа е прилично екстремно обвинување од нив дека намерно сум ја предизвикал таа несреќа затоа што не го оттурнав Ландо од патеката. Само се тркавме, тоа е сè“, изјави Верстапен.
Верстапен доби две казни од 10 секунди за два инциденти во кои го принуди својот ривал Ландо Норис да излета од патеката, што предизвика загриженост кај многу негови колеги поради неговиот агресивен стил на возење во трката за титулата.

