Author: saso

Македонскиот каратист и член на карате клубот Макпетрол, Стефан Стојановиќ освои бронзен медал на Светското првенство за младинци во Венеција, Италија. За Стојановиќ ова е втор медал од младинските мундијали, бидејќи пред две години во Коња, Турција освои сребро. Стојановиќ денеска во борбата за бронзениот медал во категоријата над 84 килограми во младинска конкуренција го совлада Николаи Секот од Германија со 3-2 и тоа со одличен пресврт откако противникот ги освои првите два поени. Македонецот многу лесно можеше да се бори и во финалето, бидејќи во полуфиналната борба ремизираше 3-3 со Италијанецот Матео Аванзини, но победата му беше доделена на…

Read More

Весли Фофана застана зад капитенот на француската репрезентација, Килијан Мбапе, откако веста за посетата на Мбапе на ноќен клуб во Шведска, предизвика бран критики. Тоа се случи ноќта кога „петлите“ го победија Израел со 4-1 во Лигата на нациите. „Луѓето можат да прават што сакаат со своето слободно време. Немав слушнато за таа приказна“, коментирала Фофана на оваа тема. “Килијан е одлична личност и професионалец. Мислам дека понекогаш медиумите одат предалеку. Тој е најдобриот француски играч, па нормално е да се зборува за него. За повеќе информации, прашајте го самиот Мбапе”, изјавил Фофана.

Read More

Младата надеж на Манчестер Јунајтед, Коби Мeјно е блиску до нов договор, објави Фабрицио Романо. „Црвените ѓаволи“ преговараат со претставниците на играчот од средниот ред со месеци, а договорот е еден од приоритетите на клубот. Сè уште нема официјален договор, бидејќи реба да се направат уште неколку чекори, но Манчестер Јунајтед е уверен дека процесот ќе биде финализиран наскоро. Мејно е многу среќен во клубот и исто така сака да остане на Олд Трафорд.

Read More

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е освојувач на Мастерсот во Шангај, откако денеска во финалето беше подобар од Србинот Новак Ѓоковиќ со 7:6, 6:3. Најдобриот светски рекет до победата дојде за еден час и 36 минути игра. За Синер ова беше 17. АТП титула во кариерата, а трета на Мастерс турнирите оваа сезона, прва во Кина. Италијанецот ќе ја заврши календарската година на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ остана на 99 титули на АТП турнирите, 40 титули на Мастерс турнирите и четири трофеи на турнирот во Шангај.

Read More

Во пресрет на утрешниот натпревар од Лигата на нации против селекцијата на Ерменија, на денешната прес-конференција во Ереван, селекторот на нашата репрезентација, Благоја Милевски, ја потенцираше важноста на средбата. „Кажав и претходно дека натпреварите меѓу Ерменија и Македонија ќе решаваат за првото место во групата. Сѐ уште стојам зад таа моја изјава. Имаме високо мислење за квалитетот на ерменскиот тим и се подготвуваме за утрешниот важен дуел. Атмосферата во селекцијата е на високо ниво, а јас секогаш верувам во моите играчи. Нѐ очекува квалитетен противник кој некако ни е судбина за вакви важни натпревари“, изјави Милевски. Нашиот голман Столе Димитриевски,…

Read More

Новак Ѓоковиќ е вториот финалист на Мастерсот во Шангај, откако денеска со 2:0, 6:4, 7:6 (8:6), беше подобар од американскиот тенисер Тејлор Фриц. Претходно, Јаник Синер ја оправда улогата на фаворит во првото полуфинале и „резервираше“ пласман во финалето во недела. Ѓоковиќ доминираше во сет и пол, пропушти важен брејк во вториот сет и во таа прилика заработи повреда на грбот, па мораше да бара пласман во финалето преку тај-брејк. На крајот успеа да слави и да му се приклучи на првиот светски рекет во големото неделно финале од 11:30 часот. Ѓоковиќ е освојувач на Мастерсот во Шангај од 2012,…

Read More

Поранешниот менаџер на лондонски Челзи и Баерн Минхен, Томас Тухел, наскоро може да седне на клупата на фудбалската репрезентација на Англија. Веста ја објави авторитетниот германски весник „Ди Велт“. Според изворот, во моментов активно напредува преговарачкиот процес меѓу ФА и германскиот стратег. Се истакнува дека договор меѓу страните може да биде постигнат веќе во октомври. Тухел последен пат работеше како тренер на Баерн Минхен, кој го напушти на крајот од минатата сезона. Претходно беше објавено дека Потер, Лампард и Гау се исто така кандидати за местото селектор на репрезентацијата на Англија.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака поради повреда го напушти тренинг кампот на репрезентацијата на Англија и се врати во Лондон на детални лекарски прегледи, пренесува „Би-Би-Си“. Тој беше заменет во 51. минута од натпреварот со Грција во четвртокот од Лигата на нации, откако заработи удар во десната нога. Капитенот Хари Кејн и играчот од средниот ред Џек Грилиш се вратија на тренинзи откако го пропуштија натпреварот со Грција. Инаку, Англија утре во Хелсинки ја пречекува Финска во рамките на четвртото коло во Лигата на нации од 18 часот.

Read More

Офанзивниот играч за врска на репрезентацијата на Аргентина, Валентин Карбони, ќе биде опериран откако го изврте левото колено за време на репрезентативниот тренинг во Мајами, објави неговиот клуб Олимпик Марсеј.  Карбони, кој има само 19 години, игра во Франција како позајмен од италијански Интер. Фудбалерот ќе биде опериран и ќе започне со рехабилитација. Од Олимпик Марсеј му посакаа брзо закрепнување на играчот од средниот ред, кој во март дебитираше за Аргентина. 

Read More

Кадровските проблеми за селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, изгледа немаат крај. Младиот стручњак нема да може да смета на крилото на Штутгарт, Крис Фјуерих за претстојниот натпревар од Лигата на нации против Холандија во понеделник. Ова го потврди и самиот тренер.  Офанзивниот фудбалер има истегнување на мускулот и нема да може да учествува на мечот со „лалињата“ во Минхен.  Во прашање за натпреварот ќе биде и играчот за врска на Баерн, Александар Павловиќ. Тој има проблеми со коленото.

Read More