Поранешниот српски фудбалски репрезентативец Зоран Тошиќ и потврди дека заминува во фудбалска пензија. 38-годишниот Тошиќ го најави своето заминување од фудбалот на социјалните мрежи. „За жал, на сите добри работи еден ден им доаѓа крајот. Се надевав дека овој момент никогаш нема да дојде, но сега сум сигурен дека е време да ја завршам мојата фудбалска кариера“, напиша популарниор „Бамби“. Тошиќ последната сезона ја помина како фудбалер на Ламија на Кипар. Претходно настапуваше за бројни европски екипи, меѓу кои и за Манчестер Јунајтед и ЦСКА од Москва. За селекцијата на Србија одигра 76 меча.
Author: saso
Фудбалерите на Сампдорија по подобро изведување пенали го елиминираа градскиот ривал Џенова и се пласираа во следната рунда од Купот на Италија. Ова беше дуел на големите и лути градски ривали, а актуелниот второлигаш успеа да им приреди голема радост на своите фанови. На самиот натпревар, но и на улиците на Џенова во близина на стадионот, пред и по натпреварот беше бурно во режија на хулиганите на двата клуба. Полицијата на најголемото италијанско пристаниште во текот на денот имаше полни раце работа, на улиците беше „на сила“ вонредна состојба поради стотици навивачи подготвени да се пресметаат во секој момент. Жестоки…
Манчестер Јунајтед повторно не успеа да победи на натпревар од европските купови. Синоќа избраниците на Ерик Тен Хаг ремизираа со Твенте во 1. коло од Лигата на Европа. На последните 9 натпревари во европските натпреварувања, Манчестер Јунајтед победи само на еден – против Копенхаген (1:0) во групната фаза од последната Лига на шампиони. 5 средби завршија со пораз, а 3 завршиле нерешено. Минатата сезона „ѓаволите“ одиграа 6 натпревари во Лигата на шампионите, од кои четири загубија, а еднаш ремизираа. Во сезоната 2022/23, тимот го заврши настапот во Лигата на Европа со елиминација од Севиља.
Синоќа по завршувањето и на последните два меча од 1/16-финалето на Карабао Купот во Англија, беа извлеченидвојките за осминафиналната фаза. Дербито на рундата ќе го одиграат премиерлигашите Тотенхем и Манчестер Сити, чиј домаќин ќе биде лондонскиот гигант. Интересно ќе биде и на дуелот меѓу носителот на Лига куп трофејот Ливерпул и премиерлигашот Брајтон, меч кој ќе се одигра на теренот на „галебите“. Манчестер Јунајтед во оваа рунда ќе му гостува на Лестер, додека Кристал Палас гостува кај Астон Вила. КАРАБАО КУП – ОСМИНАФИНАЛЕ: Брентфорд – Шефилд Венздеј Саутемптон – Стоук Тотенхем – Манчестер Сити Вимблдон/Њукасл – Челзи Брајтон – Ливерпул…
Новиот тренер на Барселона, Ханс Дитер Флик е блиску до уривање на рекордот по бројот на победи на клупата на Каталонците. Вчера Барселона го победи Хетафе со 1:0 во 7. коло од Ла Лига, што беше седмата победа на тимот од почетокот на сезоната. Германецот стана третиот тренер кој победил во првите седум натпревари во шпанското првенство. Истиот резултат го постигна Ернесто Валверде во 2017 година, а Херардо Мартино засега е лидер на вечната листа со победи на првите осум натпревари во 2013 година. Барселона под Флик ги доби сите 7 натпревари во Ла Лига со вкупна гол-разлика 23:5.
Магазинот Атлетик пишува дека некогашниот деветти пик на НБА драфтот, Кевин Нокс наскоро би можел да го засили Голден Стејт Вориорс. Нокс се согласил на едногодишен договор со Вориорс. Минатата сезона тој играше за Детроит Пистонс, каде што за 18 минути на паркетот имаше просек од 7,2 поени. Нокс беше избран со деветти пик од Њујорк Никс во 2018 година и таму помина четири сезони. Потоа играше кратко за Атланта Хокс, Детроит Пистонс и Портланд Трејл Блејзерс.
Фудбалерот на Реал (М), Винисиус Жуниор ќе ја освои „Златната топка“. Според весникот „Марка“, Бразилецот веќе знае дека на 28 октомври на церемонија во театарот „Шателе“ во Париз ќе ја добие награда од „Франс Фудбал“ за најдобар фудбалер во светот за сезоната 2023/24. Минатата сезона Винисиус ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите и Суперкупот на Шпанија со Реал Мадрид. На 49 натпревари имаше 13 асистенции, постигна 26 гола, вклучително и гол во финалето на Лигата на шампионите и три гола во финалето на Суперкупот против Барселона.
Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија нема да изрече дополнителни казни за неколкуте инциденти меѓу фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал за време на дербито во неделата. Во фокусот беше голгетерот на „граѓаните“ Ерлинг Холанд, кој по израмнувачкиот гол на Џон Стоунс во 98. минута, со топката во тилот го удри дефанзивецот на Арсенал, Габриел, а малку подоцна имаше и пресметка со дефанзивецот. ФА објави дека инцидентот бил разгледан од судијата во ВАР, Џон Брукс и затоа не може да има дополнителни прегледи. ФА смета дека немало ниту еден инцидент што бил доволно сериозен за дополнително да се истражи.
Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне наскоро ќе се врати од повредата откако го пропушти ремито со Арсенал на домашен терен викендов, изјави менаџерот, Хосеп Гвардиола. Де Брујне има проблем со препоните, повреда што ја доби против Интер во Лигата на шампионите во средата. „Мислам дека ќе се опорави за кратко време. Не можам да кажам точно колку време ќе му треба и не знам дали ќе биде подготвен за натпреварот со Њукасл, но нема да биде надвор од терените долго време“, изјави Гвардиола.
Најдобриот дебитант во НБА лигата од 2009 година и човекот кој беше МВП во сезоната 2010/11, Дерик Роуз го напушти тимот на Мемфис Гризлис. Според информации, договорот со Роуз е прекинат. Тој имаше уште една година од договорот со Мемфис, но сега ќе мора да побара нова средина. Во текот на последната сезона на НБА лигата, 35-годишниот Роуз одигра 24 натпревари со просек од 8 поени, 1,9 скока и 3,3 асистенции по натпревар.
