Најдобриот дебитант во НБА лигата од 2009 година и човекот кој беше МВП во сезоната 2010/11, Дерик Роуз го напушти тимот на Мемфис Гризлис. Според информации, договорот со Роуз е прекинат. Тој имаше уште една година од договорот со Мемфис, но сега ќе мора да побара нова средина.
Во текот на последната сезона на НБА лигата, 35-годишниот Роуз одигра 24 натпревари со просек од 8 поени, 1,9 скока и 3,3 асистенции по натпревар.

