Магазинот Атлетик пишува дека некогашниот деветти пик на НБА драфтот, Кевин Нокс наскоро би можел да го засили Голден Стејт Вориорс. Нокс се согласил на едногодишен договор со Вориорс.
Минатата сезона тој играше за Детроит Пистонс, каде што за 18 минути на паркетот имаше просек од 7,2 поени.
Нокс беше избран со деветти пик од Њујорк Никс во 2018 година и таму помина четири сезони. Потоа играше кратко за Атланта Хокс, Детроит Пистонс и Портланд Трејл Блејзерс.

