Author: saso

Ракометната федерација на Србија во мометов преговара со тројца врвни ракометни експерти за позицијата нов селектор на машката репрезентација. Според пишувањата на „Спортски Журнал“, Момир Илиќ повеќе не единствениот кандидат за селектор на српската репрезентација, затоа што од тамошната федерација отвориле преговори со уште тројца странски стручњаци. Еден од нив е и некогашниот предводник на Вардар и македонската репрезентација, Шпанецот Раул Гонзалес, а во игра се и Магнус Андерсон и Талант Дујшебајев.

Read More

По четвртти пат, сезоната во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот на Македонија. На 28 септември, во СРЦ „Кале“ во Скопје, таа чест ќе ја имаат четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската натпреварувачка сезона. Програмата ќе стартува од 17 часот со натпреварот во женска конкуренција, во кој ќе се сретнат шампионот, екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и „предивикувачот“, екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Нешто подоцна, од 19.30 часот во битка за трофејот во ова натпреварување, ќе играат МЗТ Скопје Аеродром, кој ги брани пехарите освоени во ланската сезона и битолски Пелистер,…

Read More

По неуспешните преговори со Васко де Гама, шпанскиот ветеран Серхио Рамос не успеа да се договори ниту со екипата на Ботафого. Шпанските медиуми пишуваат дека 38-годишниот дефанзивец кој е слободен играч ја одбил понудата на бразилскиот клуб. Рамос е без клуб по заминувањето од Севиља на крајот од минатата сезона. Во овие неколку недели бил во преговори со два бразилски гиганти, но очигледно барањата за висока плата не успеаја да донесат договор. Искусниот стопер најголемиот дел од кариерата го мина во Реал Мадрид.

Read More
NBA

Најдобриот кошаркар на НБА шампионот Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, изјави дека и во новата сезона од најсилната кошаркарска лига во светот очекува идентично финале. Тејтум ги избра своите финалисти за следната сезона во НБА и според него и оваа година таму нема да има промени. Во гостувањето кај Џими Фалон, ѕвездата на Бостон не се двоумеше да ги нарече Селтикси финалисти на Источната конференција, додека како противник од западната страна повторно го очекува тимот на Далас предводен од Лука Дончиќ. Селтикси ги победија Маверикс во финалната серија минатата сезона со 4-1.

Read More

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер со пораз ги почна настапите во Лигата на шампионите, но тимот на Бранислав Ангеловски покажа голема борба и упорност, која на крајот од негатива од осум голови го донесе на само еден гол разлика на гостувањето кај францускиот шампион ПСЖ. „Пред натпреварот си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, изјави Ангеловски по мечот. Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе го одигра првиот домашен меч и тоа против германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин.

Read More

Аматерската фудбалска репрезентација на Македонија од петок стартува со настапи на УЕФА Купот на регионите. Селекторот на аматерите, Жанко Савов, денеска во гостувањето на Спортското радио 90.3 фм зборуваше за очекувањата од настапот во групата во Стара Пазова, Србија. „Се подготвуваме неколку дена. Малку имавме проблем да составиме поширок тим, затоа што во нашата втора лига веќе има и професионални играчи и играчи кои имаат настапувано во Првата лига, што е спротивно од правилата на УЕФА за аматерски фудбал. Имам ростер од 18 играчи од повеќе второлигашки екипи и се надеваме на добро претставување во Србија. За противници ги имаме…

Read More

Клубовите од англиската Премиер лига оваа зима ќе се борат за потписот на дефанзивецот на Баер Леверкузен и германскиот репрезентативен Џонатан Тах. Според весникот Билд, интерес за фудбалерот покажуваат Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем. Џонатан Тах се пресели од Хамбург во Баер Леверкузен во летото 2015 година. Оваа сезона фудбалерот одигра четири натпревари за германскиот клуб, а се уште има актуелен договор којз авршува на крајот на сезоната. По 1 јануари фудбалерот ќе може да отпочне преговори и за слободен трансфер во некој од заинтересираните тимови следното лето.

Read More
NBA

Раководството на Лос Анџелес Лејкерс одлучи во спомен на легендарниот кошаркар и лидер на тимот Џери Вест да го стави неговиот број 44 на своите дресови. Во тековната сезона Лејкерси на дресовите ќе имаат комеморативна лента со бројот 44, со кој Џери Вест играше во составот од Калифорнија. Џери Вест почина дома на 12-ти јуни оваа година. Неговата силуета веќе неколку децении се користи во логото на НБА. За време на неговата играчка кариера освои една шампионска титула (1972), беше прогласен за МВП на финалето и беше 14-кратен Ол-стар учесник. Целата кариера ја помина во Лос Анџелес Лејкерс.

Read More

Холандскиот интернационалец Мемфис Депај и официјално го комплетираше трансферот во бразилски Коринтијанс. Бразилскиот клуб и официјално го потврди потпишувањето на договорот со поранешниот играч на Барселона, Манчестер Јунајтед, Лион и ПСВ, кој последната сезона ја мина во составот на Атлетико (М). Договорот на Депај со Коринтијанс ќе биде до крајот на 2026 година. Минатата сезона, Депај постигна 13 гола и 2 асистенции на 40 натпревари како дел од секипата на Атлетико Мадрид.

Read More
NBA

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Кристијан Вуд го оперираше левото колено и според првичните лекарски најави го очекува подолга пауза од терените. Веста ја потврдија и од тимот на „езерџиите“ кои дополнија дека прогнозираното отсуство на Вуд ќе биде околу 8 недели. Во март, центарот на Лејкерс беше подложен на операција на коленото, со што предвреме ја заврши сезоната 23/24. Сега очигледно мораше да се направи уште една интервенција. Во 50 натпревари од регуларната сезона, Вуд минатата сезона имаше просек од 6,9 поени и 5,1 скока по натпревар.

Read More