Возачот на Дукати, Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Емилија Ромања, 14-та трка во сезоната во Мото ГП шампионатот.
Актуелниот шампион го освои третиот пол сезонава на патеката „Марко Симончели“, со рекорден круг од 1:30.031 минута, две десетинки пред Хорхе Мартин на Прамак Дукати.
На двајцата во првиот ред на стартот на двете трки ќе им се придружи другиот фабрички возач на Дукати, Енео Бастианини, кој заостануваше неколку секунди зад својот тимски колега.

