Трикратниот олимписки шампион во пливање Сун Јанг ќе се врати во базенот за да се натпреварува во Кина следната недела, откако отслужи четиригодишна забрана поради допинг, објавија медиумите во земјата.
Сун, првиот кинески олимписки шампион во пливање во машка конкуренција, ќе ја претставува својата родна покраина Жеџијанг на Националното летно пливачко првенство што започнува недела во Хефеи.
Ванг Веи, директор на провинцискиот пливачки спортски менаџмент центар Жеџијанг, рече дека Јанг (32) ќе се натпреварува на 400 метри слободно, дисциплината во која го освои златото на Олимписките игри во Лондон 2012 година. Трикратниот олимписки шампион доби суспензија од четири години и три месеци поради прекршување на анти-допинг правилата во 2018 година, кога тој и членовите на неговиот тим искршиле ампули со примероци од крв.
Забраната истече на 28 мај.

