Author: saso

Легендарниот ватерполо тренер Ратко Рудиќ официјално се прости од овој спорт со егзибициски натпревар на Коручула. Рудиќ, кој во кариерата освои четири златни олимписки медали со три различни репрезентации, на последниот натпревар што го водеше како тренер, златната хрватска олимписка генерација од Лондон 2012 се соочи со светската селекција во меч кој заврши нерешено, 13:13. Тоа беше и проштален натпревар за играчите кои со Рудиќ го освоија олимпиското злато во 2012 година и ја завршија својата играчка кариера. Во егзибициониот меч за светската репрезентација настапија најдобрите ватерполисти од таа генерација од Србија, Црна Гора, Италија, Шпанија, Унгарија и Грција, а…

Read More

Македонската велосипедистка Дуња Иванова ќе биде македонски претставник на Европското првенство во планински велосипедизам кое ќе се одржи во Виборг, Данска. Овој дански град ќе биде домаќин на најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција од цела Европа. Ивановаќе стартува во елитната женска сениорска категорија на трката од 75 километри и 1.800 метри висинско искачување.

Read More

Во недела на Националната Арена во Скопје следува големото македонски фудбалско дерби. Во вечерен термин и под рефлектори, Вардар го пречекува Пелистер во рамките на 2. коло, откако во „црвено-црните“ беа поразени на гостувањето во Струмица од екипата на Брера, а битолчани одигра нерешено дома против Гостивар. Пред доаѓањето во Скопје, разговаравме со тренерот на Пелистер, Влатко Костов, кој во изјава за Спортското радио 90.3 фм ги сподели своите очекувања од дерби дуелот. „Мислам дека ова ќе биде вистински празник на фудбалот. Ова ќе биде меч на кој треба да се види желбата на двете екипи за подобро претставување пред…

Read More
NBA

НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс ќе го повлече дресот со бројот 21 кој го носеше легендарниот кошаркар Мајкл Купер, со кој стана петкратен шампион во НБА како дел од составот на „езерџиите“. Церемонијата за повлекување на бројот ќе се одржи на 13 јануари следната година на домашниот натпревар со Сан Антонио Спарс, објави прес-службата на Лејкерс. Купер играше 12 сезони во НБА. Како член на Лејкерс, стана НБА шампион пет пати (1980, 1982, 1985, 1987 и 1988 година). Во 1987 година стана најдобар одбранбен играч во НБА, а кариерата ја заврши со одиграни 873 натпревари на кои постигна 7.729 поени…

Read More

Со натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Фулам вечерва почнува новата сезона во англиската Премиер лига. „Црвените ѓаволи“, кои го загубија градското дерби на „Комјунити Шилд“ купот од Манчестер Сити пред помалку од една недела, ќе се надеваат дека овојпат ќе го започнат својот првенствен поход со добар почеток и три освоени бода на домашен терен. Новото раководство ги потврди своите амбиции, откако досега доведе четворица играчи кои треба да дадат нова крв во составот на Тен Хаг, кој ја доби довербата да го поведе тимот и во новата сезона. Доаѓањето на Џошуа Циркзе, Лени Јоро, Матијас Де Лигт и Нусаир…

Read More

Синот на прославениот бразилски фудбалер Роналдињо, Жоао Мендеш се пресели во Барнли од шпанска Барселона. 19-годишниот фудбалер го напушти каталонскиот клуб и потпиша договор со англискиот клуб. Договорот со тимот кој настапува во Чемпионшип е на две години. Од март 2023 година, Жоао Мендеш тренираше во академијата на Барселона. Роналдињо беше дел од Барселона од 2003 до 2008 година. Како дел од каталонскиот клуб, напаѓачот ја освои Лигата на шампионите, двапати стана шампион на Шпанија и освои два Суперкупа во земјата.

Read More

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис нема да се пресели во Реал Мадрид ова лето, потврдуваат шпански извори. Според информациите, од Реал сакаат да го ангажираат канадскиот фудбалер бесплатно и ќе чекаат до крајот на неговиот договор со Баерн, кој завршува следното лето. Тоа значи дека Дејвис ќе ја мине сезоната 2024/2025 во Баерн. Претходно почесниот претседател на Баерн, Ули Хонес изјави дека дефанзивецот ќе остане во клубот и покрај истекот на неговиот договор.

Read More

Пред денешниот старт на новата сезона во најсилниот европски национален фудбалски шампионат, англискат Премиер лига, новиот тренер на Ливерпул Арне Слот одговори на прашањето за изгледите и шансите на англискиот тим во претстојната сезона во Премиер лигата. „Мораме да разбереме дека во последните две сезони Ливерпул беше доста далеку од Манчестер Сити и Арсенал. Работиме секој ден за да го намалиме овој јаз и се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, рече Слот. 45-годишниот Арне Слот го презеде водството на Ливерпул на почетокот на оваа сезона откако дојде од клупата на Феенорд со кој во период од три години имаше…

Read More

Холандскиот фудбалски гигант Ајакс се квалификуваше во плеј-офот колото од Лигата на Европа, откако успеа да слави во епскиот пенал-рулет против грчки Панатинаикос во кои беа изведени неверојатни 34 пенали. Ајакс во регуларниот дел загуби со 1:0, а откако и во продолженијата не успеа да се реши победникот, мечот отиде на пенали, по што Ајакс победи со неверојатни 13:12. Вистинскиот спектакл започна со промашување на Даниел Манчини за Панатинаикос, по што следуваа девет последователни успешни удари за двете екипи, па така се дојде до решавачкиот десетти пенал, со кој Брајан Броби можеше да го испрати Ајакс во баражот, но тој…

Read More
NBA

Легендата на американската кошарка, Чарлс Баркли го критикуваше селекторот на САД, Стив Кер за неговата одлука да не му даде минутажа на Џејсон Тејтум на олимпискиот турнир во Париз. „Стив Кер немаше причина да не го користи Тејтум. Тејтум би бил играч број 2 во Србија и најверојатно најдобар играч на Франција. Фактот што не одигра ниту една минута на два меча е погрешен, тоа е неправедно. Ако одите на Олимпијада, сакате да играте. И јас сум разочаран што Џејсон не можеше да игра, и бев разочаран што Тајрис Халибартон не можеше да игра, особено на почетокот на турнирот. Ако…

Read More