Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Ратко Рудиќ му кажа „збогум“ на ватерполото
    Меѓународен микс

    Ратко Рудиќ му кажа „збогум“ на ватерполото

    sasoBy saso18/08/2024No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Легендарниот ватерполо тренер Ратко Рудиќ официјално се прости од овој спорт со егзибициски натпревар на Коручула.

    Рудиќ, кој во кариерата освои четири златни олимписки медали со три различни репрезентации, на последниот натпревар што го водеше како тренер, златната хрватска олимписка генерација од Лондон 2012 се соочи со светската селекција во меч кој заврши нерешено, 13:13.

    Тоа беше и проштален натпревар за играчите кои со Рудиќ го освоија олимпиското злато во 2012 година и ја завршија својата играчка кариера. Во егзибициониот меч за светската репрезентација настапија најдобрите ватерполисти од таа генерација од Србија, Црна Гора, Италија, Шпанија, Унгарија и Грција, а од клупата ги предводеше уште еден член на Куќата на славните, Игор Милановиќ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.