Босанскиот одбранбен играч Ѓорѓе Ќосиќ од денеска е ново име во ФК Вардар. Како што потврдија од клубот, тој денеска го потпишал договорот со „црвено-црните“ Ќосиќ има 28 години, игра на позициите централен дефанзивец и лев бек, а доаѓа од екипата на Тузла Сити. Има настапувано и за Шахтјор Караганди, Младост ГАТ, Борац Бања Лука, Зрињски, Витез, Звијезда 09. Со Борац има освоено титула во првенството на БиХ. Тој е вториот интернационалец од БиХ кој потпиша за Вардар, по Горан Закариќ, кој исто така стави потпис на договорот со нашиот најтрофеен состав.
Author: saso
Ракометниот клуб Вардар 1961 денеска и официјално ги почнува подготовките за новата сезона. Стартот е закажан за 18 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Според планот на стручниот штаб, првите десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“, за потоа да се замине на висински подготовки во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките. Поготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје. Досега е сигурно дека Вардар ќе учествува на два турнири, оние во Струга од 14 до…
Македонската универзитетска карате репрезентација, во елиминациските борби од првиот ден на европската универзијада во Унгарија, постигна одличен резултат. Нашите каратисти Петар Заборски (-75 кг) и Данило Божовиќ (+84 кг), успеаја да влезат во финале, додека пак Ангела Мојсовска го освои бронзениот медал во категоријата (-68 кг). Стефан Стојановиќ загуби за влез во финалето и потоа во борбата за бронзениот медал оствари резултат 1-1, но поради правило на прв земен поен на крајот мораше да се задоволи со пласман на петтото место.
Италијанските медиуми „Скај Италија“ и „Спортиталија“ тврдат дека Удинезе сè уште притиска за враќање на Алексис Санчез во тимот, откако Чилеанецот го заврши договорот со Интер. Според медиумите, тоа би било романтично враќање на Санчез на „Фриули“, кој првпат дојде во Европа токму во Удинезе во 2006 година, а подоцна беше продаден на Барселона. Сепак, Удинезе има сериозна конкуренција во екипите на Лил и Олимпик Марссеј, кои исто така имаат одлични понуди за 35-годишниот фудбалер.
Поранешниот италијански репрезентативец Џорџо Киелини ја напушти функцијата тренер за развој на играчи во ФК Лос Анџелес и планира да се врати на Апенините. Поранешниот фудбалер би можел да се врати во Јувентус, за кого настапуваше 17 години, откако претходно се појавија информации дека би можел да стане технички директор на торинскиот клуб. “Не е лесно да се најдат вистинските зборови за да ги изразам моите чувства. Мешавина од емоции го исполнуваат моето срце, но навистина сакам да му се заблагодарам на целото семејство на ФК Лос Анџелес. Ви благодариме, ФК Лос Анџелес. Ова не е збогум, ќе се видиме…
Англискиот премиерлишаѓ Тотенхем ја одби првата понуда на Милан за Емерсон Ројал. Според информациите на англиските изданија, „Росонерите“ понудиле 10 милиони евра за десниот бек, но лондонскиот клуб веднаш ја одбил понудата. Се претпоставува дека Спарс бараат двојно повеќе за 25-годишниот Бразилец – 20 милиони евра. Претхондо беше објавено дека Милан веќе се договорил со Емерсон, па сега се очекува договор да постигнат и клубовите околу трансфер цената. Тотенхем, пак, би сакал да го задржи фудбалерот и затоа се надева дека ќе успее да го убеди да остане. Ако до договор не дојде и тој инсистира на трансфер во Милан,…
Хаиме Лозано повеќе не е селектор на Мексико. Според информацијата, двете страни ја раскинаа соработката по очајниот настап на репрезентацијата на Копа Америка. „На Хамес Лозано и неговиот стручен штаб им беше понуден договор до 2030 година, каде во текот на 2024-2026 година ќе им се придружи поискусен селектор до нашето Светско првенство. Откако го анализираше предлогот, Хаиме Лозано не извести дека не сака да продолжи. Ја почитуваме неговата одлука“, објавија Мексиканците. 45-годишниот Лозано беше назначен за привремен селектор во јуни 2023 година, но подоцна неговата привремена позиција беше заменета за постојана.
Македонскиот репрезентативец Давид Бабунски е нов фудбалер на Данди Јунајтед. Тој во Шкотска замина од Мезоковешд и потпиша едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година. „Длабоко сум благодарен за довербата што клубот ја има во мене. Трпеливо чекав ова да се финализира, и одложував одговор на други понуди во процесот затоа што со нетрпение очекував ваква можност. Доаѓањето во земја каде што фудбалската култура е огромна и стандардот на лигата е висок се дел од работите кои ме привлекоа, и веќе можам да ја почувствувам големината на клубот. Ќе биде голем предизвик за мене – очекувањата за…
Килиан Мбапе денеска и официјално беше промовиран во ново ѕвездено засилување за Реал (М). Француската ѕвезда парафира потпис на договор до 2029 година, а во Мадрид доаѓа бесплатно откако му истече договорот со ПСЖ. Во редовите на „кралскиот“ клуб Килиан Мбапе ја задолжи опремата со бројот девет. Мбапе во Реал доаѓа по седум години минати во Париз. „За мене е голема чест и привилегија да бидам играч на Реал Мадрид. Ова е историски настан за мене и моето семејство. Подобро е отколку што очекував. Се чувствувам привилегирано. Јас сум играч на Реал Мадрид, ова е мојот детски сон. Не можете…
Некогашниот холандски репрезентативец, Рафаел ван дер Варт ги критикуваше играчите на Англија по финалето на ЕП 2024. Поранешниот фудбалер на Реал (М) и Тотенхем, особено беше остар кон фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс. „100 милиони евра за Деклан Рајс? Што прави тој за да биде толку вреден? Ја освојува топката само за да му врати на Џон Стоунс. Тој е бескорисен. Ако навистина вредиш 100 милиони евра, мора да можеш да ја придвижиш топката напред. Џуд Белингем не е играч кој може да мине во еден потег. Тој е само силен и може да трча 90 минути директно. Не гледам…
