Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ќе биде подготвен за вечерашното полуфинале на Копа Америка против Канада во Њу Џерси, изјави селекторот на репрезентацијата Лионел Скалони. Меси се врати на теренот во четвртфиналето против Еквадор, откако го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради повреда. Тој го одигра целиот натпревар, но изгледаше дека не е подготвен физички. 37-годишната ѕвезда на Интер Мајами промаши пенал за време на настапите на стадионот Хјустон. „Лео е добро, ние сме мирни околу тоа“, изјави Скалони на својата прес-конференција во понеделникот. „Неговото ниво на физичка состојба е добро, тој е клучен играч за нас“,…
Author: saso
Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ е нов играч на Денвер Нагетс. Хрватот потпиша двегодишен договор со поранешниот НБА првак. Според ESPN, договорот е вреден 10,6 милиони долари, а на генералниот директор на Нагетс, Калвин Бут, му се допаѓа сестраноста, искуството и кошаркарската интелигенција на Шариќ. Минатата сезона тој забележа просек од 8 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции во дресот на Голден Стејт Вориорс, а во текот на НБА кариерата ги носеше и дресот на Оклахома, Феникс, Минесота и Филаделфија.
Шпанскиот играч од средниот ред Педри заработи повреда на четвртфиналниот натпревар на ЕП 2024 против Германија и ќе го пропушти остатокот од турнирот. Репрезентативецот на Барселона го истегна левото колено по сударот со Тони Крос на почетокот на средбата. Иако повредата ќе го оддалечи Педри од терените во период од 2 до 6 недели, фудбалерот најави дека ќе остане со соиграчите во Германија до крајот на ЕП. „Дојдов во Германија за ЕП 2024 и ќе останам тука до крај бидејќи сонот, без сомнение, продолжува. Оваа недела е време да се охрабриме и да продолжиме понатаму. Ова е фудбал и се…
Капитенот на швајцарската репрезентација Гранит Џака зборуваше по елиминацијата на неговата селекција од Еуро 2024. „Првото чувство е тага и разочарување бидејќи не заслуживме таков пораз. Од друга страна, можеме да се гордееме со себе. Од првиот натпревар до денес продолживме да напредуваме, покажавме карактер, одличен тимски дух и секогаш си велевме: „Ќе треба многу труд за да не победиме“. Навивачите сакаа да не видат како се бориме, да не видат како се држиме заедно. Тоа го покажавме на секој натпревар. На крајот на денот мислам дека можеме да се гордееме со себе и со она што го направивме на…
Голманот на репрезентацијата на Англија, Џордан Пикфорд, стана херој на својата земја по оној одбранет пенал на Аканџи во првата серија од пенал-рулетот со Швајцарија. Според статистиката, Пикфорд одбранил 4 од 14-те пенали кои биле изведени кон неговиот гол во серија удари од пенали на големите турнири. Ова е двојно повеќе одбранети пенали од сите други голмани на Англија заедно меѓу 1990 и 2012 година. Во полуфиналето на Еуро 2024 репрезентацијата на Англија ќе игра со селекцијата на Холандија.
Репрезентацијата на Швајцарија вчера загуби од Англија во серија пенали откако по 120 минути мечот заврши нерешено, 1:1. Со тоа Швајцарија беше елиминирана од Еуро 2024. Швајцарија досега петпати учествуваше во четвртфиналето на големите турнири и секогаш загуби токму во оваа фаза. Ова е најлошиот рекорд меѓу сите европски селекции по бројот на натпревари во оваа фаза без победа. За разлика од нив, Англичаните победија во пенал рулетот на едно ЕП за првпат по 1996 година.
Филип Најдовски се врати во Вардар. По неколку години поминати во првенството на Албанија, Најдовски денеска се договори со најтрофејниот македонски клуб, потпишувајќи договор на 4 години. Тој не ја прифати понудата за нов договор со екипата на Тирана, откако добил понуда од новиот проект поврзан со скопските „црвено-црни“. Најдовски во Вардар беше две сезони откако во 2018 година дојде од екипата на Победа.
Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте за денешниот меч против Германија во четвртфиналето на ЕП вели дека е рамен на финале. „Овој меч слободно може да биде финале на Европското првенство. Германија секогаш ги започнува натпреварите многу силно, така што ќе мора да се обидеме да им се спротивставиме од првата минута. Ќе се обидеме да преземеме иницијатива и да дадеме се од себе. Дали познавањето на германскиот фудбал на Дани Олмо помогна во подготовката на Шпанија? Секако, разговарав многу со Дани и Грималдо, кои имаат искуство во германскиот фудбал. Тие секогаш ни кажуваат за одредени аспекти, но…
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп планира да направи само една измена во стартниот тим за четвртфиналето на Европското првенство со Португалија, во однос на осминафиналето со Белгија. Според информациите, на натпреварот со Португалија, францускиот селектор ќе стартува со истите играчи од последниот меч, со само една промена. На местото на Маркус Турам во првиот тим ќе стартува напаѓачот на ПСЖ Рандал Коло Муани. Репрезентацијата на Франција вечерва во Хамбург ќе очекува победа над Португалија за место во полуфиналето.
Француска Ница на својата официјална веб-страница го објави потписот со играчот од средниот ред Танги Ндомбеле. Договорот со 27-годишниот Французин е до летото 2026 година. Фудбалерот доби можност да се врати во Франција практично бесплатно, бидејќи по заминувањето од Тотенхем беше во статус на слободен играч. Последната сезона Ндомбеле ја помина во турски Галатасарај на позајмица каде забележа 26 настапи и една асистенција.
