Шпанска „Марка“ денеска пишува дека Ливерпул контактирал со Реал Мадрид за можноста да ангажира еден играч од освојувачот во Лигата на шампионите во летниот трансфер период. Според весникот, станува збор за младиот турски репрезентативец Арда Ѓулер, кој се поврзува со заминување од „Бернабеу“ по само една година мината во шпанската престолнина. Сепак, тимот на Карло Анчелоти потврдил дека не сака да се раздели со 19-годишниот напаѓач, кој има уште пет години од договорот, што дава јасен сигнал дека Ливерпул нема да добие „зелено светло“ за преговори. Минатата недела, Ѓулер го потврди својот талент постигнувајќи еден од најдобрите голови на Евро…
Author: saso
Ѕвездата и еден од најдобрите кошаркари на новиот НБА шампион Бостон, Џејлен Браун понуди награда за тој што го нашол и ќе му го врати шампионскиот прстенот. Кошаркарот на Бостон потврди дека го загубил шампионскиот прстен за време на големата шампионска парада. Прстенот го содржи логото на спортскиот бренд на спортистот 7UICE. Браун стана НБА шампион и МВП на финалната серија.
Реал Мадрид ќе има нов капитен по заминувањето на Начо Фернандез. Вчера беше објавено дека дефанзивецот го затворил трансферот во саудискиот клуб Ал-Кадисија. Новинарот Мигел Анхел Дијаз, објави дека во сезоната 2024/25 капитенската лента во Реал (М) ќе ја носи играчот од средниот ред Лука Модриќ. Заменик капитен ќе биде дефанзивецот Даниел Карвахал. Следни во низата се Лукас Васкез, Федерико Валверде, Тибо Куртоа и Винисиус Жуниор.
Репрезентацијата на Швајцарија во Франкфурт вечерва се среќава со домаќинот на ова ЕП, селекцијата на Германија во последниот меч од групата „А“. Селекторот на Швајцарците, Мурат Јакин изјави дека го има комплетниот ростер на располагање за овој меч и очекува силна битка. „Сите мои играчи се располагање. Нема да чувствуваме голем притисок затоа што не мора да победиме. Ќе се обидеме да го мачиме противникот, да му направиме проблеми и да одиграме добар натпревар. Ќе биде интересна средба. Сакаме да дадеме се од себе. Повеќе од две третини од нашиот тим играл клупски фудбал во Германија и сакаме да ги…
Дидие Дешамп проговори за закрепнувањето на Килијан Мбапе по повредата на носот. Напаѓачот на Реал Мадрид го скрши носот на мечот со Австрија (1:0) на ЕП 2024 и сега тренира со маска. „За настап на Мбапе треба да почекаме. Засега се оди како што треба, се опоравува од ударот. Има хематом кој секој ден е се помал. Се навикнува на маската, која малку му го менува погледот. Но добро е“, изјави Дешамп.
Унгарија е без победа на осум последователни натпревари на Европското првенство. Вечерва тимот на Марко Роси ќе го има првиот дуел со Шкотска по повеќе од 6 години, откако последен пат овие две селекции меѓусебно играа во март 2018 година. Шкотите победија на два од последните три натпревари против Унгарија. Киеран Тирни се повреди на натпреварот против Швајцарија и нема да може да игра на денешниот решавачки дуел. Ова е голем проблем за Шкотите, кои сега ќе мора да се потпрат на Скот Мекена како негова замена. Рајан Портеус исто така го пропушта натпреварот бидејќи е суспендиран по црвениот картон…
Женската ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, стартуваше со моќна победа над САД на светското првенство во Скопје, но исто така, имаше и голем пех по повредата на една од најдобрите ракометарки, Бојана Коцева. Селекторот на нашата јуниорска репрезентација, Дарко Јанев, токму поради тоа, мораше да направи принудна замена во составот. Ново име во репрезентацијата ќе биде средниот бек Ева Ѓоргиевска. Македонија следниот меч ќе го игра утре, а противник ќе ни биде првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Исланд.
Велшкиот тренер Стив Купер го презема англиски Лестер Сити. Ова го објави официјалниот сајт на клубот. „Стив е тренер со искуство во Премиер лигата по успешната сезона во Нотингем Форест, каде што раководеше помеѓу 2021 и 2023 година. Заработи одлична репутација поради неговите лидерски квалитети“, велат од клубот. Во својата прва изјава како тренер на Лестер, Купер вели: „Задоволен сум и горд што сум назначен за тренер на Лестер Сити. Ова е фантастичен клуб со богата историја и страсни навивачи. Среќен сум што работам со таков талентиран тим и со нетрпение очекувам да ги оствариме нашите заеднички амбиции во Премиер…
Фудбалската федерација на Македонија, денеска излезе со писмена реакција на однесувањето на албанскиот фудбалски репрезентативец Мирлит Даку по вчерашниот меч со Хрватска, кога скандираше со говор на омраза кон Македонците и Србите. „Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлит Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство. Однесувањето е неприфатливо и спротивно на основните вредности на спортскиот дух и меѓусебното почитување што ги промовира фудбалот. Спортот, особено фудбалот е основа за здржување на луѓето од различна национална припадност и средина за…
Селекторот на италијанската репрезентација Лучијано Спалети го коментираше претстојниот натпревар со Шпанија во рамките на второто коло на Евро 2024 година. „Понекогаш можеме да нападнеме, а понекогаш да се браниме на својата половина, но идејата е секогаш да се обидеме да го играме нашиот фудбал. Шпанија стана она што е, и нивната фудбалска школа е позната затоа што секогаш играле под ист бренд. Затоа станаа толку препознатливи. Тоа го постигнаа бидејќи можеа да ја следат истата фудбалска филозофија. Се трудиме постојано да ја поседуваме топката. Верувам дека ако му ја дадеш топката на противникот, ќе бидеш полош тим. Имаме голема…
