Женската ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 20 години, стартуваше со моќна победа над САД на светското првенство во Скопје, но исто така, имаше и голем пех по повредата на една од најдобрите ракометарки, Бојана Коцева.
Селекторот на нашата јуниорска репрезентација, Дарко Јанев, токму поради тоа, мораше да направи принудна замена во составот. Ново име во репрезентацијата ќе биде средниот бек Ева Ѓоргиевска.
Македонија следниот меч ќе го игра утре, а противник ќе ни биде првиот фаворит во групата, репрезентацијата на Исланд.