Македонската кошаркарска јуниорска селекција веќе десетина дена помина во подготовки за она што ја чека во текот на ова лето – настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 26. јули до 4. август ќе се одржи во Скопје.
Период во кој селекторот Горан Андреевски одбра со кои 16. кошаркари ќе го продолжи патот кон реализација на планираните цели.
„Мои очекувања, како селектор, за овој шампионат кој следува, се влез во финалните четири, односно борба за првите три места кои водат во ‘А’ дивизијата наредната година“ – вели самоуверено предводникот на нашиот јуниорски тим кој деновиве вредно се подготвува во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Првата ‘контрола’ ни е на 5. и на 6. јули, имаме двомеч со јуниорската селекција на Црна гора во Скопје, a потоа на 12. и 13. јули ќе играме и со репрезентацијата на Романија.