Author: saso

РК Еурофарм Пелистер попладнево објави дека потпиша двегодишен договор со хрватскиот кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ. Овој 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми, доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица. Цикатиќ беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници. Неговото претставување е предвидено на крајот на јули во Битола, со почетокот на подготвките за сезоната 2024/25. Инаку, Еурофарм Пелистер потврди заминување на седум ракометари. Тоа се: Урбан Лесјак, Калифа Гедбан, Марко Кизиќ, Марио Танкоски, Денис Васиљев, Руди Сери и Матеуж Пиеховски.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра првиот од двата контролни натпревари за овој месец, против репрезентацијата на Хрватска. На денешната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски зборуваше за очекувањата од утрешниот меч во Ријека. „Очекувам еден добар натпревар, кога имате меч против селекција која според мене е топ-5 во светот, со сребро и бронза на последните првенства, со квалитет индивидуален и тимски, ни останува само да уживаме во мечот и да видиме како тим до каде сме. Сакаме да ги провериме сите играчи, за да видиме на кого можеме да сметаме во иднина. Се наоѓаме на крај на сезоната, но она кое…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра првиот од двата контролни натпревари за овој месец, против репрезентацијата на Хрватска. По Ријека, Македонија ќе гостува во Чешка, во гратчето Храдец Кралове, каде ги очекува дуел против домаќинот и против кои ќе може да тестираме до каде сме. Од последниот тренинг пред мечот со Хрватска, свое видување даде репрезентативецот Агон Елези. „Драго ми е што повторно сум со момците во репрезентацијата, се подготвуваме на највисоко ниво и навистина е предизвик што се соочуваме со Хрватска, селекција која беше бронзена на последното Светско првенство. Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија и така треба…

Read More

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, денеска одржа прес-конференција пред утрешниот пријателски меч со Македонија во Ријека. Далиќ пред новинарите зборуваше за утрешниот дуел, но и за подготовките за престојното ЕП 2024. „Немам замерки на подготовките досега. Играчите продолжуваат со таков ритам и таков мотив добро е што нема повреди. Работат многу добро, полни се со мотивација и секој тренинг е се подобар и подобар. Го респектираме утрешниот противник, го замисливме како натпревар кој ќе служи како подготовка за Албанија. Ќе играме со малку поофанзивни играчи. Имаме право на шест замени. Ќе одмориме некои играчи“, изјавил Далиќ. За дуелот…

Read More

Бразилскиот напаѓач во екипата на Реал (М), Родриго најави дека нема намера да го напушти Реал Мадрид и покрај гласините за негово заминување од „Бернабеу“. „Секако дека останувам во Реал Мадрид. Зошто да заминам? Останувам“, изјави Родриго по победничкото финале во Лигата на шампионите. Претходно Бразилецот на прашање за Манчестер Сити рече дека тие се најдобриот тим во светот. По ова стана јасно дека „граѓаните“ се заинтересирани за напаѓачот, но очигледно ова лето Родриго планира да остане во редовите на европскиот првак.

Read More

Карло Анчелоти не ја криеше радоста од новата европска титула на Реал Мадрид. По вчерашниот меч со Борусија (Д) и победата во финалето на ЛШ во Лондон, Италијанецот вели дека Реал има шампионски квалитет. „Клучот за овој тим е квалитетот. Оваа сезона игравме во првите десет, тоа го направивме многу добро. Многу сум среќен и многу задоволен од она што го направивме“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Read More

Шпанскиот фудбалски стручњак Франциско Хозе Гарсија Пимиента (49) е избран за нов шеф на стручниот штаб на Севиља, соопшти клубот од Андалузија. Пимиента потпиша договор на една сезона со опција за продолжување на соработката, а на „Санчез Писхуан“ доаѓа од Лас Палмас со кој раководеше последните две сезони. Тој на клупата ќе го замени Кике Санчез Флорес . Овој 49-годишен Каталонец ја започна својата тренерска кариера во помладите возрасни групи на Барселона, потоа го предводеше вториот тим на Барса, а од 2022 година и Лас Палмас.

Read More

Данската велосипедска федерација го објави списокот на учесници за претстојните Олимписки игри во Париз, на кој не се најде двократниот победник на Тур де Франс, Јонас Вингегард. На почетокот на април, данскиот велосипедист при тежок пад ја скрши клучната коска на трка низ Баскија, по што беше опериран. Вингегард пред извесно време ја објави својата одлука да не учествува во Париз, но денеска официјалната потврда дојде откако Данците го објавија тимот за ОИ во кој го нема 27-годишниот двоен победник на Тур де Франс. Вингегард неодамна повторно почна да тренира, но се уште не е јасно дали ќе ја брани…

Read More

Најдобрата светска тенисерка и прва носителка на Ролан Гарос, Полјачката Ига Швјонтек брзо се пласираше во четвртфиналето на парискиот Грен слем, откако во осминафиналето без загубен гем ја совлада Русинката Анастасија Потапова. Швјонтек победи против Потапова со 6-0, 6-0 за само 40 минути игра. Тоа беше нејзината најбрза победа на ВТА турнејата. Таа загуби само 10 поени во целиот меч. Во четвртфиналето најдобриот светски рекет во женска конкуренција ќе игра против Маркета Вондроушова, која ја победи Србинката Олга Даниловиќ со 6-4, 6-2.

Read More

Реал (М) по 15. пат во историјата е европски шампион. Во големото финале на Лигата на шампионите вечерва во Лондон, „кралевите“ со 2:0 ја совладаа Борусија (Д) и дојдоа до шестиот европски трофеј во последната деценија. Во финалето на Вембли, „кралскиот клуб“ одигра лошо прво полувреме, но Борусија (Д) не искористи ниту една од неколкуте 100% шанси за гол. Тоа им се врати како бумеранг во вториот дел, кога Реал во свој препознатлив стил успеа да дојде до два гола и да донесе голема радост за своите фанови. Дани Карвахал во своето шесто учество во финале на Лигата на шампионите…

Read More