Author: saso

Капитенот на Наполи, Џовани Ди Лоренцо изгледа се подалеку од Неапол, откако самиот им најавил на директорите на клубот дека летово сака да си замине. Ди Лоренцо е незадоволен од односот на клубот, но и од разочарувачката сезона. Агентот на играчот Џуфреди беше јасен и се чини дека ниту доаѓањето на Антонио Конте не е позитивен сигнал за да го предомисли Ди Лоренцо. Во Италија се зборува дека репрезентативниот бек преговара со Јувентус и најверојатно ќе замине во Торино бидејќи е во одлични релации со директорот на „Старата Дама“, Кристијано Џунтоли. Двајцата имаат голема меѓусебна почит од периодот на заедничка…

Read More

Бразилскиот централен дефанзивец Фабрисио Бруно ќе биде првото ново засилување на Вест Хем во летниот преоден рок, објави новинарот Фабрицио Романо. 28-годишниот Бруно доаѓа од тимот на Фламенго и ќе биде првиот трансфер на новиот менаџер на „чеканите“, Хулен Лопетеги. За неговите права Вест Хем ќе плати 12 милиони евра, а уште 1,5 милиони ќе бидат како бонуси. Оваа сезона Бруно го доби својот прв повик во репрезентацијата на Бразил и забележа учество на два натпревари по 90 минути во контролите со Англија и Шпанија. Во својата кариера, дефанзивецот играше само во тимови во Бразил.

Read More

Кошаркарите на Минесота синоќа на гостински терен го победија тимот на Далас со 105:100 и со тоа намалија на 3:1 во финалето на Западната конференција. Тимбервулфс водеа во последните пет минути од секој натпревар од ова финале, но овојпат успеаја да победат и да ја продолжат серијата. Најзаслужен за победата на Минесота беше Ентони Едвардс со 29 поени, десет скока и девет асистенции, додека Карл Ентони Таунс додаде 25 поени, од кои 20 во вториот дел. Лука Дончиќ беше најдобар во редовите на Далас со 28 поени, 15 скока и десет асистенции за својот шести трипл-дабл во овој плеј-оф, но…

Read More

Шпанскиот спортски сајт „Релево“ тврди дека Катар и градот Доха ќе бидат домаќини на Летните олимписки игри во 2036 година. Според изворот на сајтот, дека страните се блиску до финализирање на деталите околу одржувањето на Олимписките игри во 2036 година. Минатиот месец беше објавено дека Олимпискиот комитет на Катар подготвува сериозна понуда за Игрите во 2036 година, при што претседателот на ИОК Томас Бах изјави дека има „двоцифрен“ број на земји кои изразиле интерес за организација на Игрите, а меѓу нив се Саудиска Арабија, Индонезија, Шпанија, Чиле, Германија и Индија. „Релево“ известува дека Доха е фаворит за делегатите на ИОК,…

Read More

Во екот на подготовките за претстојните два пријателски меча со Хрватска и Чешка, нашата репрезентација полека подготвува стратегија и за двата дуела. За очекувањата од подготвителните средби овој јуни денеска со своја изјава и нашиот репрезентативен напаѓач, Бојан Миовски. “Хрватска е исклучителна репрезентација, секогаш во врвот на големите натпреварувања. Одличен тест за нас да видиме на кое ниво сме, знаеме дека секогаш играме одлично против големи селекции и се надевам дека така ќе биде и овој пат. Ќе ни недостасува капитенот Барди, но во средниот ред имаме одлични млади фудбалери, ова е одличен тест и за нив”, смета Миовски. Денеска…

Read More

Оливие Жиру ќе се повлече од француската репрезентација по Евро 2024 година. „Секако дека ќе ми недостига да играм за репрезентацијата, но времето ми истекува. Мора да им отстапиме место на младите“, изјави напаѓачот на Милан. Жиру за француската репрезентација настапува од 2011 година. За репрезентацијата одигра 131 натпревар, постигнувајќи рекордни 57 голови. Заедно со „триколорите“ напаѓачот го освои Светското првенство во Русија 2018 година. Исто така, како дел од тимот, тој ја освои Лигата на нации (2021) и стана носител на сребрен медал од Светското првенство во Катар 2022 година и домашното Евро 2016 година. 37-годишниот напаѓач на крајот…

Read More

Еден од најдобрите фудбалери на германски РБ Лајпциг, Дани Олмо е голема желба на Барселона, пренесува шпанска „Марка“. Олмо на тој начин би можел да се врати во својот матичен клуб по 10 години, откако се пресели најпрво во Динамо (З), а потоа стигна и до Бундеслигата. Баерн го додаде Дани Олмо на списокот на играчи кои сакаат да ги купат ова лето, па затоа битката за него очигледно ќе биде сериозна. Спортскиот директор на баварците, Макс Еберл добро го познава Олмо уште од минатата сезона, кога ја извршуваше истата функција во РБ Лајпциг. Откупната клаузула на Олмо ова лето…

Read More

Голманот на Костарика, Кејлор Навас објави крај на својата репрезентативна кариера на 37-годишна возраст, со што стави крај на шпекулациите дека би можел да игра на следнoто издание на Копа Америка. Навас во националниот тим дебитираше во 2008 година, а оттогаш забележа 114 настапи и настапи на три светски фудбалски првенства, од кои најзначајно беше она во Бразил во 2014 година, каде беше еден од главните играчи на тимот кој стигна до четвртфиналето. „Ова поглавје од мојот живот се ближи кон крајот, заминувам со срце полно со благодарност и очи со нетрпение, носејќи го името на нашата сакана Костарика“, вели…

Read More
NBA

Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа тимот на Индијана со 126:110 и поведоа со 2:0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата. За разлика од првиот натпревар од оваа серија, кој беше решен по продолжение, Бостон во втората средба не дозволи возбудувања. Џејлен Браун со 40 поени ги предводеше Селтикси до 2:0, а одлично го следеа и Џејсон Тејтум и Дерик Вајт со по 23 поени. Во редовите на Индијана најефикасен беше Паскал Сиакам со 28 поени. Следниот натпревар од оваа серија се игра ноќта меѓу сабота кон недела, а домаќин ќе биде Индијана.

Read More

Хокеарите од Канада, Швајцарија, Чешка и Шведска изборија пласман во полуфиналето на Светското првенство во елитната група што се одржува во Чешка. Актуелните светски шампиони Канаѓаните очекувано се пласираа во полуфиналето со победата над Словачка со 6-3 во прашката О2 Арена, Швајцарија со 3-1 го совлада минатогодишниот вицешампион Германија, Чешка со 1-0 ги совлада САД, додека Шведска по продолжение беше подобра од Финска со 2-1. Во полуфиналето ќе играат Шведска и Чешка, како и Канада и Швајцарија, а натпреварите се закажани за 25 мај.

Read More