Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа тимот на Индијана со 126:110 и поведоа со 2:0 во финалето на Источната конференција на НБА лигата.
За разлика од првиот натпревар од оваа серија, кој беше решен по продолжение, Бостон во втората средба не дозволи возбудувања.
Џејлен Браун со 40 поени ги предводеше Селтикси до 2:0, а одлично го следеа и Џејсон Тејтум и Дерик Вајт со по 23 поени. Во редовите на Индијана најефикасен беше Паскал Сиакам со 28 поени.
Следниот натпревар од оваа серија се игра ноќта меѓу сабота кон недела, а домаќин ќе биде Индијана.