Српскиот интернационалец Младен Крсманчиќ (31) е ново засилување за РК Вардар во новата сезона. „Црвено-црните“ го договорија српскиот интернационалец кој во редовите на Вардар ќе остане најмалку една сезона.
Овој 184 см. висок играч настапува на позицијата среден бек, а доаѓа од Унгарија каде претходните сезони настапуваше во тимот на Чургу.
Во својата играчка кариера има настапувано за тимот на Југовиќ, Слога, Железничар, Анаитасуна (Шпанија) и во Чургу (Унгарија)
Српскиот ракометар треба да се појави на прозивката на клубот во јули кога ќе почнат подготовките за новата сезона.