Утринава во седмиот решавачки натпревар од полуфиналето на Западот, Минестота го совладаа актуелниот шампион Денвер со 98:90 и ја доби „мајсторката“ на гостински терен за пласман во конференциското финале. Денвер водеше со 20 поени на стартот на третиот период, но Минесота успеа да стигне до анулирање на негативата и во завршниот период до посакуваниот триумф.
До големата победа Минесота беше предводена од Карл Ентони Таунс со 23 поени и 12 скока и Џејден МекДаниелс со 23 поени и шест скока, а ги следеа Ентони Едвардс со 16, Руди Гобер со 13 и Наз Рид со 11 поени. Најдобри во тимот на Денвер беа српскиот центар Никола Јокиќ со 34 поени, 19 скока и седум асистенции и Џамал Мареј со 35 поени.
Минесота во финалето на Западната конференција ќе игра против Далас и ќе има предност на домашен терен, а првиот меч е закажан за ноќта меѓу среда и четврток.
Кошаркарите на Индијана се пласираа во финалето на Источната конференција, откако синоќа во седмиот натпревар го совладаа Њујорк со 130:109. Најефикасни кај Индијана беа Тајрис Халибартон со 26 и Паскал Сијакам и Ендрју Нембард со по 20 поени.
Во финалето на Источната конференција Индијана ќе игра против Бостон, а предност на домашен терен ќе има Бостон.